Без вода денеска ќе биде улицата „Никола Парапунов“ и делови од улиците „Разловечко востание“ и „Вич“ во Карпош, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот на водоснабдувањето, кој ќе почне во 18 часот, е поради санација на два затворачи на улицата „Никола Парапунов“ и ќе трае до завршување на санацијата. Нормализирање се очекува околу 12 часот утре.
– Во случај да не бидат исполнети техничките предуслови, интервенцијата ќе биде одложена за наредниот период, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Корисниците од бул. „Борис Трајковски“ – крак 10 во општина Кисела Вода ќе немаат електрична енергија.
Како што информира РЦУК-Скопје, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, струја ќе немаат од 9 до 12 часот.
