Со богата музичка и винска програма, вечерва на Кеј Македонија започнува петтото издание на Ohrid Wine Festival, кое ќе трае до 27 јуни.
Како што соопштуваат организаторите „Фестивали.мк“ посетителите ќе имаат можност да уживаат во настапи на повеќе домашни музички имиња, меѓу кои Меморија, Дани Димитровска, Суперхикс, Солзи и Смеа и Куку Леле.

Првата вечер е резервирана за настапите на Група Сарај, Дани Димитровска и Меморија.
Утре настапуваат Брос Марама, Ѓоко Ѓорчев и Кате Танева, Куку Леле и Пауза за ракија.
Во сабота, на 27 јуни, на финалната вечер присутните ќе се забавуваат со стенд ап настапот на Солзи и Смеа, потоа DJ DJ Fic, Битолски камерен оркестар и Суперхикс.
МИА
