Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при користење на системите и механизацијата во близнина на далекуводите од преносната мрежа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при користење на системите и механизацијата во близнина на далекуводите од преносната мрежа
Агровести

АД МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни при користење на системите и механизацијата во близнина на далекуводите од преносната мрежа

Објавено 22/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АД МЕПСО ги повикува земјоделците во периодот на наводнување и жетва, да бидат особено внимателни при користење на системите за наводнување, земјоделската механизација и другата опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.

-Заради безбедност на луѓето и сигурност на електроенергетскиот систем , неопходно е да не се поминува со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците на далекуводите, да не се поставуваат цевководни системи за наводнување во далекуводните траси и под проводните јажиња, да не се креваат металните цевки во близина на проводниците, бидејќи металот е проводник на електрична енергија, велат од АД МЕПСО во предупредувањето до земјоделците.

Од компанијата, исто така, апелираат земјоделците да не ги поставуваат прскалките за наводнување под проводниците и во безбедносните коридори на далекуводите, бидејќи, како што велат, допирот на водениот млаз со проводниците може да предизвика сериозни последици и да го загрози човечкиот живот, како и да не палат стрништа во близина на далекуводи, бидејќи пожарите можат да предизвикаат прекини и оштетувања во електропреносниот систем.

-Дополнително, апелираме до спортските риболовци да бидат внимателни при користење на риболовните стапови во близина на далекуводите, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите и заштитните коридори на далекуводите. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствената безбедност и безбедноста на другите! Не загрозувајте ја вашата безбедност и сигурноста на електропреносниот систем!, велат од АД МЕПСО во предупредувањето.

Преку ова предупредување, нагласуваат се укажува на мерките за безбедно извршување на земјоделските работи во близина на далекуводните траси, како и на правилното и безбедно користење на системите за наводнување, со цел заштита на луѓето, механизацијата и непречено функционирање на електропреносниот систем.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата почна, Министерството за земјоделство молчи за цената на пченицата
Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
Неповратни до 20.000 евра грант за сопствен бизнис: Објавени јавните повици за самовработување
Водата во Скопје безбедна за пиење
На граничните премини “Богородица”, “Дојран” и “Табановце” се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 30 минути
Таг:АД мепсовнимателнидалекуводитеземјоделците
Претходен напис Топло и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи, засилен ветер
Следен напис Жетвата почна, Министерството за земјоделство молчи за цената на пченицата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?