Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
Агровести

Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка

Објавено 18/06/2026
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, денес се обрати на отворањето на Меѓународната конференција „Between Accession and Ambiguity: The Western Balkans and the European Project“, која се одржува на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје.

Во своето обраќање, Трајков истакна дека европската интеграција претставува многу повеќе од формален процес на усогласување со европското законодавство, туку сеопфатна трансформација на институциите, економијата и општеството.

„Европската иднина на Македонија останува наш стратешки приоритет. Нашата цел е да изградиме модерна, дигитално развиена и конкурентна држава која ќе обезбеди подобри можности за сите граѓани, особено за младите“, истакна Трајков.

Заменик-министерката за европски прашања ја нагласи важноста на академската заедница во процесот на европска интеграција и ја поздрави улогата на универзитетите во промовирањето на европските вредности, критичката мисла и научно-истражувачката работа.

На конференцијата учествуваат истакнати професори, истражувачи и експерти од земјата и регионот кои ќе дискутираат за европските интеграции, владеењето на правото, дигиталната трансформација, образованието и економскиот развој на Западен Балкан.

Министерство за европски прашања

Може да ви се допадне

Нова инвестиција на „Пурпласт“ вредна 15 милиони евра, до 200 нови работни места
Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци
МЗШВ учествуваше на првиот Македонско-Романски економски бизнис форум
Самит за инвестиции во транспортот: Западен Балкан клучен за новата европска политика за поврзаност
УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени
Таг:Европската идниназнаењемакедонијаТрајков
Претходен напис Вицегувернерот Величковски: Eдноставни и евтини дигитални решенија за поголемо прифаќање електронски плаќања кај малите трговци
Следен напис Нова инвестиција на „Пурпласт“ вредна 15 милиони евра, до 200 нови работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?