Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација
Агровести

Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација

Објавено 17/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонија се соочува со зголемен ризик од суша поради што се потребни повеќе финансиски средства за реализација за мерки за адаптација, оценуваат од Центарот за климатски промени по повод Светскиот ден за борба против опустинувањето и сушата. 

Оттаму посочуваат дека земјите од Медитеранот, вклучително и Македонија, се сè повеќе изложени на подолги сушни периоди, намалени врнежи и континуиран пораст на температурите.

– Овие промени директно влијаат врз водните ресурси, земјоделството и стабилноста на локалните заедници, при што последиците сè почесто се одразуваат и преку економски загуби и зголемена социјална ранливост, велат од Центарот за климатски промени.

Алатка за проценка на ризиците и ранливоста на локалните заедници од климатските промени, изработена во рамки на проектот Green B-LEAF покажуваат дека, и покрај зголемената изложеност на ризици, подготвеноста на општините во медитеранските региони останува ограничена, што укажува на потребата од посистематски и долгорочни пристапи во управувањето со климатските ризици.

– Според спроведените национални анализи и проценки, во Македонија значителен дел од Североисточниот, Скопскиот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Југоисточниот Регион се оценети како ранливи на суша, со особено чувствителни подрачја како Скопската и Штипската котлина и Овчеполието. Овие резултати ја нагласуваат потребата од локално прилагодени политики, подобро планирање и инвестирање во зголемување на отпорноста на локалните заедници, велат од Центарот за климатски промени.

Според Центарот за климатски промени, сушата останува еден од најсериозните предизвици на современите климатски промени, кој бара координиран, навремен и интегриран одговор на сите нивоа на управување. Во таа насока, неопходно е зајакнување на институционалните и локалните капацитети за проценка на ризиците и стратешко планирање, како и обезбедување соодветни финансиски средства за спроведување на мерки за адаптација кон климатските промени, велат оттаму. 

МИА

Може да ви се допадне

„Лубеницомат“ во Осиек – хит на социјалните мрежи
Пад на цените на нафтата по најавите за ирански извоз, олеснување на инфлацискиот притисок на пазарите
Кавадарци домаќин на регионален форум за одржлив третман на биоотпадот
Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
Локалниот совет за превенција во Берово апелира за безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот
Таг:адаптацијаклиматски променимакедонијаризиксуша
Претходен напис Пад на цените на нафтата по најавите за ирански извоз, олеснување на инфлацискиот притисок на пазарите
Следен напис „Лубеницомат“ во Осиек – хит на социјалните мрежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?