Во хрватскиот град Осиек се појави „автомат за лубеници“ – првиот ваков уред за самопослужување со домашни лубеници. Веќе популарниот „Лубеницомат“ им овозможува на клиентите да си купат свежа лубеница во кое било време од денот, без да чекаат или бараат продавач, и без да одат на пазар.
Уредот е поставен кај една од автобуските станици во Осиек. Според информациите на неа, лубениците доаѓаат од земјоделскиот посед на Ивица Љедуга од Метковиќ. Цената е 20 евра за лубеница, а плодовите се со еднаква големина и тежина – околу 7 до 8 килограми.
Парите се внесуваат во означен отвор, по што лубеницата се зема, а инаку, плодовите не се оградени на никаков начин.
Слични концепти стануваат сè попопуларни во Хрватска последниве години. Автоматите за самопослужување веќе продаваат млеко, јајца, компири, мед и други производи.
МИА
