Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
Агровести

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента

Објавено 17/06/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента.

Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година.  – Оваа стапка ќе важи од третото тримесечје на 2027 година и се оценува дека таа е соодветна на тековните макрофинансиски услови и на состојбите во банкарскиот систем. На кредитниот пазар и натаму има солидна кредитна активност, но банкарскиот систем е добро капитализиран и ликвиден, со задржана стабилност и отпорност на шокови. Тоа е видливо и преку ниската стапка на нефункционални кредити, којашто и натаму опаѓа, и преку солидната профитабилност –  информира Народната банка. 

Одлуката за задржување на истата стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот наведиваат дека е поддржана и од построгите макропрудентни мерки за квалитетот на кредитната побарувачка. Тие се во примена од крајот на претходната година, а во првото тримесечје од 2026 година се забележуваат првичните влијанија преку подобрата структура на новите кредити од аспект на кредитните стандарди применети од страна на банките.

– Ваквата поставеност на макропрудентните мерки би придонела за ограничување на системските ризици во следниот период и за натамошно задржување на стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на системските ризици и редовно, на квартална основа, ќе ја преоценува висината на стапката – велат од Народната банка.

МИА

Може да ви се допадне

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Битола
„Лубеницомат“ во Осиек – хит на социјалните мрежи
Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација
Пад на цените на нафтата по најавите за ирански извоз, олеснување на инфлацискиот притисок на пазарите
Кавадарци домаќин на регионален форум за одржлив третман на биоотпадот
Таг:2 процентазаштитен слојкапиталотНародна банка
Претходен напис Локалниот совет за превенција во Берово апелира за безбедно учество на земјоделската механизација во сообраќајот
Следен напис Кавадарци домаќин на регионален форум за одржлив третман на биоотпадот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?