Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Славески: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Славески: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени
Агровести

Славески: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени

Објавено 16/06/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Извршниот одбор на Народната банка денеска одржа состанок за поставеноста на монетарната политика на која е одлучено основната каматна стапка да се зголеми за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 отсто, информираше гувернерот Трајко Славески на денешната прес-конференција.

Како што беше кажано, одлуката се заснова на најновите податоци и информации и согледувањата за ефектите врз домашната економија од светските случувања.

– Во однос на сегментите коишто се клучни за монетарната политика, од почетокот на годината беше забележана поголема побарувачка на девизи од корпоративниот сектор, што услови поголемо присуство на Народната банка на девизниот пазар. Од почетокот на мај се бележи стабилизација на побарувачката на девизи, а најновите информации носат поголема извесност за скоро смирување на конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, економските последици од геополитичките случувања се присутни, а неизвесноста околу темпото на целосната стабилизација на тековите и понатаму создава ризици. Опстојуваат и притисоците врз инфлацијата. Имено, во мај годишната стапка на инфлација забави во согласност со очекувањата, но, таа и натаму е на повисоко ниво и укажува на продолжена инфлација и побавно враќање кон историскиот просек. Истовремено, и дел од домашните фактори коишто влијаат врз побарувачката и инфлацијата уште повеќе ја нагласуваат потребата од претпазливост при водењето на монетарната политика – појасни гувернерот.

Во такви услови, било оценето дека умереното затегнување на монетарната политика, заедно со досегашните измени кај останатите инструменти – задолжителната резерва и макропрудентните мерки, ќе придонесат за одржување на стабилноста на девизниот курс, за стабилизирање на инфлацијата и за зацврстување на инфлациските очекувања, а соодветно ќе влијаат и врз кредитните услови во економијата. Беше кажано дека како резултат на засилените инфлациски притисоци во еврозоната, на последниот состанок на ЕЦБ, каматните стапки биле зголемени за 0,25 п.п., што претставувало дополнителен фактор што се зема предвид при носењето на домашните монетарни одлуки.

– Во однос на најновите податоци за главните макроекономски показатели, на крајот на мај, девизните резерви изнесуваат 5.209,7 милиони евра и се во сигурната зона, а нивната промена засега е во согласност со проекциите за вториот квартал. Во текот на мај девизниот пазар беше стабилен, без интервенции од страна на Народната банка за надоместување на потребите за девизна ликвидност на економските субјекти. Во мај 2026 година, годишната стапка на инфлација забави сведувајќи се на 4,8 проценти, од 5,7 отсто во април, главно под влијание на поумерениот раст на цените на храната, што се должи на повисоката споредбена основа од истиот период минатата година – информираше гувернерот.

Сепак, тековните показатели упатувале на засилени инфлациски притисоци кај енергетската компонента, што создавало ризици за пренесување на ефектите и врз останатите цени во економијата.

– Ова делумно е видливо преку засилениот раст на базичната компонента на инфлацијата. Најновите проекции за увозните цени упатуваат на повисока странска инфлација и умерено нагорно ревидирани цени на енергентите и на дел од прехранбените производи, во услови на одолжена неизвесност. Иако очекувањата на потрошувачите за растот на цените во следниот период се малку поумерени во споредба со претходниот месец, ризиците за инфлацијата претежно се во нагорна насока. Домашната економија и натаму покажува отпорност во услови на неизвесно надворешно окружување. Во првиот квартал од 2026 година, реалниот раст на БДП изнесуваше 3,1 отсто, што е блиску до очекувањата од последниот циклус проекции. Расположливите високофреквентни показатели за вториот квартал сѐ уште не овозможуваат попрецизни согледувања, но, априлските податоци упатуваат на раст на индустриското производство и послаби остварувања кај прометот во трговијата. Во монетарниот сектор, согласно првичните податоци за мај, растот на депозитите е во рамките на проектираниот, но, динамиката на раст на кредитната активност и натаму е над очекувањата и влијае врз домашната побарувачка – додаде Славески.

Гувернерот потенцираше дека Народната банка останува цврсто посветена на одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, како основен предуслов за обезбедување ценовна стабилност на среден рок.

– За таа цел, ќе продолжи со внимателно следење на домашните и меѓународните економски и финансиски движења, ќе ги оценува нивните ефекти врз девизниот пазар и инфлацијата и е подготвена да ги употреби сите расположливи инструменти за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност – истакна Славески. 

МИА

Може да ви се допадне

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 до 21 милион евра, ќе отвори речиси 500 работни места
Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus
Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ
Таг:0.2 процентнизголеменакаматна стапкаСлавески
Претходен напис УХМР: Натпросечно топло лето, јули месец со најголемо отстапување на температурата на воздухот
Следен напис Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?