Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus
Агровести

Упатства од грчкиот Црвен Крст за прва помош при каснување од морската риба Lagocephalus sceleratus

Објавено 16/06/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Упатства за прва помош во случај на повреда од морската риба „Лагоцефалус сцелератус“ (Lagocephalus sceleratus), што е опасна и отровна за консумација, но не и при каснување, објавија од грчкиот Црвен крст, „поради сè поголемото присуство на рибата во грчките мориња“, а со цел граѓаните да бидат информирани за опасностите и за справувањето при евентуално каснување, јави дописничката на МИА од Атина.

Објаснија дека конкретната риба содржи силен невротоксин, „што ја прави консумацијата исклучително опасна“, а ниту еден дел од рибата не се смета за безбеден за консумација, но и дека „иако каснувањето не е токсично, сепак особено силните вилици на рибата, кои наликуваат на клун, можат да предизвикаат сериозни повреди и обилно крвавење“.

Токму затоа, од Црвениот крст издаде упатства во случај на повреда од каснување.

– Прво, веднаш исчистете ја раната со обилна количина чиста вода и сапун. Не користете морска вода и исто така не ставајте антисептици на местото без упатство од лекар. Второ, запрете го крвавењето. Со чисти гази или чиста ткаенина одржувајте постојан притисок врз раната. Ако крвавењето е пообилно, можете да го подигнете малку повисоко повредениот дел. Трето, задолжително побарајте медицинска помош, бидејќи повредите од рибата се сериозни, ќе треба да добиете специјализирана нега, вакцина против тетанус, а можеби и шиење, информираа од Црвениот крст и додадоа дека во случај каснувањето да е во оддалечена област или ако крвавењето е силно, граѓаните треба веднаш да се јават или во брза помош на бројот 166 или на Европскиот број за итни случаи 112.

Во изминатиот период, конкретната риба била забележана во морскиот дел во околината на Евија и на Атика, поширокиот регион на Атина, а директорот на грчкиот Институтот за морска заштита „Архипелагос“ Тодорис Цибидис, во четвртокот, за државната телевизија ЕРТ истакна дека не постои причина за паника кај граѓаните, посочувајќи дека „впечатокот што често се создава на социјалните мрежи е претеран“, бидејќи „самата риба не е опасна и нејзиното каснување не е отровно.“

Објасни дека токсините се наоѓаат во внатрешните органи на рибата, а не на надворешниот дел од телото и затоа, нема опасност од обичен допир или каснување, туку опасноста се однесува исклучиво на консумацијата.

Во однос на тоа како конкретната риба стигна и до грчките мориња, директорот на Институтот посочи дека ширењето на видот се должи на два фактори: отворањето и проширувањето на Суецкиот Канал, при што нови видови се движат кон Медитеранот и прекумерниот риболов што ја нарушува рамнотежата на морските екосистеми.

Црвен Крст Грција

Може да ви се допадне

Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 до 21 милион евра, ќе отвори речиси 500 работни места
Славески: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени
Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ
Таг:Lagocephalus sceleratusморската рибапрва помошцрвен крст
Претходен напис Славески: Основната каматна стапка зголемена за 0,25 процентни поени
Следен напис Нова инвестиција во ТИРЗ Тетово вредна 20 до 21 милион евра, ќе отвори речиси 500 работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?