Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште една потврда на светскиот квалитет на вината на „Тиквеш”: 21 нова меѓународна награда
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште една потврда на светскиот квалитет на вината на „Тиквеш”: 21 нова меѓународна награда
Агровести

Уште една потврда на светскиот квалитет на вината на „Тиквеш”: 21 нова меѓународна награда

Објавено 16/06/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со 21 нова награда освоени на три престижни меѓународни вински натпревари – Balkans International Wine Competition 2026, Vinarium International Wine Contest 2026 и Concours Mondial de Bruxelles 2026 – Винарската визба „Тиквеш“ уште еднаш ја потврди својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најуспешните амбасадори на македонското вино на светската сцена.

На годинешното издание на Balkans International Wine Competition, најзначајниот вински натпревар посветен на вината од Балканот, „Тиквеш“ освои вкупно 11 награди, меѓу кои два двојни златни медали за вината „Bela Voda Red 2022“ и „Barovo Red 2022“, како и четири златни и пет сребрени медали. Овој резултат е уште една потврда за лидерската позиција на „Тиквеш“ во регионот.

Особено значаен успех „Тиквеш“ оствари и на Vinarium International Wine Contest 2026, еден од најреномираните вински натпревари во Централна и Источна Европа што се одржува во Романија, каде што за првпат учествуваше. На натпреварот, кој се организира под покровителство на Меѓународната организација за лозарство и винарство (OIV), „Тиквеш“ освои шест медали, меѓу кои и највисокото признание – Голем златен медал, за виното „Babuna Red 2023“, како и четири златни и еден сребрен медал. Впечатлив е и фактот што, покрај „Тиквеш“, само уште едно македонско вино беше наградено на овој натпревар.

Нови значајни признанија пристигнаа и од Concours Mondial de Bruxelles 2026, еден од највлијателните и најреспектирани светски вински натпревари, познат по исклучително строгите критериуми за оценување и интернационалното жири составено од врвни вински експерти. На ова натпреварување „Тиквеш“ освои четири медали, и тоа два златни и два сребрени, потврдувајќи ја конкурентноста на своите вина и на најпребирливите меѓународни пазари.

Меѓу најнаградуваните вина на „Тиквеш“ на овие три натпревари се „Bela Voda Red 2022“, „Barovo Red 2022“, „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023“, „Babuna Red“ од бербите во 2022 и 2023 година, „Babuna White 2025“ и „Luda Mara Vranec 2023“, кои уште еднаш ја потврдија својата препознатливост и конзистентен квалитет пред меѓународните вински експерти.

„Освоените признанија на три исклучително реномирани меѓународни натпревари претставуваат силна потврда за континуитетот на квалитетот што го создаваме и за успешноста на нашата стратегија за развој на врвни вина со јасен идентитет, како рефлексија на тероарот. Овие награди имаат особено значење за нашето позиционирање на странските пазари, бидејќи претставуваат независна и релевантна потврда за квалитетот на нашите вина. Воедно, секое вакво признание придонесува и за зајакнување на имиџот на Македонија како земја што создава вина со светски квалитет и има сѐ поголема препознатливост на меѓународната винска сцена“, велат од „Тиквеш“.

Со преку 100 меѓународни награди годишно, освоени на најзначајните светски вински натпревари, и со присуство на бројни странски пазари, „Тиквеш“ продолжува да ја зацврстува својата позиција како најнаградувана винарница во Југоисточна Европа и еден од најзначајните промотори на македонското вино во светот.

Новите 21 меѓународна награда претставуваат уште една потврда дека преку континуирани инвестиции во лозарството, современите производствени практики и бескомпромисната посветеност на квалитетот, „Тиквеш“ успешно го позиционира македонското вино меѓу вината од најценетите вински региони во светот.

Винарска визба „Тиквеш“

Може да ви се допадне

Мобилен царински тим спречи криумчарење на златен накит вреден 1,5 милиони денари
АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Гиулекас: Поставуваме модуларни контролни пунктови на Евзони за да се скрати времето на чекање
Таг:21 нова меѓународна наградавинатапотврдаТиквеш
Претходен напис ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Следен напис Загадениот возух, сушите и топлотните бранови – главна закана на децата во Северна Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?