Замислете си: Купувате нов автомобил и сега треба да изберете осигурување. Почнувате да пребарувате, контактирате неколку осигурителни компании, секоја ви нуди различни пакети со различни цени. Еден вели нивната полиса е најдобра, друг ви нуди попуст, трет ви објаснува со термини што едвај ги разбирате.
По некопку разговори и десетици отворени веб страни, наместо сигурност чувствувате збунетост. Токму тука се истакнува вистинската вредност на еден осигурителен брокер.
Во Минт Инс нашата улога е едноставна: да ви го олесниме изборот и да ви помогнеме да добиете најдобра заштита по најдобра цена – без губење време, без непотребен стрес и без комплицирани процедури.
Контактирајте нѐ денес на 15 107, [email protected] или во една од нашите филијали.
Осигурување од Автоодговорност – Авто одговорност
Осигурувањето од автомобилска одговорност претставува законски задолжителна обврска пред вклучување на возилото во сообраќај, односно потребно е да ја поседувате при регистрација на возилото. Без осигурување од автоодговорност не е можно да извршите регистрација на Вашето моторно возило.
Намена
Осигурување од авто одговорност е основна и законски задолжителна полиса која секое регистрирано возило мора да ја има. Ова осигурување не ги покрива оштетувањата на вашето возило, туку ја покрива штетата што може да ја предизвикате на трети лица при сообраќајна несреќа.
Полисата за авто одговорност е задолжителна за:
- Сите сопственици на моторни возила
- Возила регистрирани во РС Македонија
- Лица кои сакаат да се движат слободно и легално на патиштата
MintIns полиса за авто одговорност
Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во РС Македонија пропишува дека ниту едно моторно возило не смее да учествува во сообраќај без важечка полиса за авто одговорност.
Без оваа полиса, не само што ризикувате казна, туку и сносите целосна финансиска одговорност ако предизвикате несреќа.
Со MintIns полиса за авто одговорност Вие ја осигурувате Вашата одговорност за надоместок на материјални и нематеријални штети предизвикани на трети лица при употреба на Вашето возило.
- Законски задолжително осигурување
- Покривање на штети нанесени на трети лица
- Едноставна постапка
- Поддршка 24/7

Што е КАСКО осигурување?
КАСКО е доброволно осигурување кое ја покрива штетата на Вашето сопствено возило – без разлика дали несреќата е предизвикана по Ваша вина, по вина на друг учесник во сообраќајот или од природни и надворешни фактори, за разлика од задолжителното авто-одговорност осигурување, кое ги покрива само штетите нанесени од и на други лица или возила.
Намена
Во зависност од избраниот пакет за КАСКО осигурување, Вашата полиса ќе ги опфаќа сите или дел од овие ризици.
- Судар
- Кражба на возилото или делови од него
- Природни непогоди: град, поплава, пожар, земјотрес
- Вандализам и оштетување од трети лица
- Удар од животни или паѓање предмети
- Стакла и светлосна сигнализација
- Штета при паркирање
MintIns КАСКО полиса
MintIns КАСКО осигурувањето Ви овозможува да го осигурате своето моторно возило. Сообраќајна незгода, кражба и противправно одземање, злонамерни постапки, пожар, удар на гром, експлозија, пад или удар на некој предмет врз возилото, временски непогоди (луња, поплава, град, лавина), манифестации и демонстрации.
Во MintIns веруваме дека осигурувањето треба да биде едноставно, транспарентно и достапно за секој возач. Поради тоа, создадовме КАСКО производ кој комбинира:
- Широка покриеност
- Флексибилни пакети за секој буџет
- Брза и лесна наплата на штета
- Онлајн апликација и дигитална полиса
Контактирајте нѐ денес на 15 107, [email protected] или во една од нашите филијали.
Улогата на еден осигурителен брокер
Осигурителниот брокер е лиценциран професионалец кој не е врзан за ниту една осигурителна компанија и ги споредува понудите од повеќе осигурителни компании. За разлика од агентите кои продаваат производи од една компанија, брокерот е независен и има само една цел – да го заштити вашиот интерест.
Причини зошто да изберете осигурителен брокер
1. Заштеда на време
Истражувањето на осигурителниот пазар може да одземе часови или денови. Осигурителниот брокер ги собира и споредува понудите за вас, за да добиете јасен преглед без губење време.
2. Персонализиран пристап
Секој клиент има различни потреби. Во Минт Инс правиме анализа на вашата ситуација и предлагаме решение кроено по мерка. Одвојуваме време да ги разбереме вашите специфични потреби, финансиски можности, грижи и приоритети. Нашиот тим ги зема предвид сите овие фактори и креира решение што одговара точно на вашата ситуација,
3. Пристап до сите активни осигурителни компании
Со директно обраќање до една компанија добивате ограничен избор. Осигурителниот брокер ви отвора пристап до целиот пазар и ви помага да ја изберете најдобрата опција. Минт Инс, како осигурителен брокер соработува со сите активни осигурителни компании.
4. Јасно објаснети услови
Осигурителните договори често содржат сложена терминологија, исклучоци и ограничувања. Нашиот тим од експерти ги објаснува сите детали на разбирлив начин, за да знаете точно што добивате.
5. Објективен и независен совет
Бидејќи не сме поврзани со една компанија, нашите препораки се засноваат исклучиво на тоа што е најдобро за вас. Осигурителниот пазар постојано се менува. Минт Инс ги следи новите производи и законски измени.
Кога ви е најпотребен осигурителен брокер?
Поддршката од осигурителен брокер е особено корисна во следниве ситуации:
- Купување автомобил (авто осигурување, каско)
- Купување стан или куќа (имотно осигурување)
- Патување во странство (патничко осигурување)
- Големи пормени во животот како брак или формирање семејство (животно и здравствено осигурување)
- Кога не сте сигурни што точно Ви е потребно.
Во сите овие моменти, вистинскиот избор на полиса може да значи голема финансиска разлика.
Зошто да изберете Минт Инс?
Минт Инс е осигурително брокерско друштво кое соработува со осигурителните копмпании и не е врзанно за ниту една од нив, туку сме врзани за вас, нашиот клиент. Како лиценциран професионален осигурителен брокер, во Минт Инс работиме во корист на нашите клиенти.
Минт Инс е повеќе од посредник – ние сме долгорочен партнер за вашата финансиска сигурност.
Нашите предности:
- Лиценциран и регулиран осигурителен брокер
- Соработка со сите активни осигурителни компании на македонскиот пазар
- Ви ги објаснуваме сите услови, вклучени услуги и исклучоци транспарентно.
- Брза и професионална поддршка
- Транспарентни услови без скриени трошоци
- Можност за онлајн комуникација и управување со полиси
Минт Инс – Паметен избор за вашата сигурност
Изборот на осигурување не треба да биде комплициран процес. Со искусен осигурителен брокер, добивате експертска поддршка, подобри услови и сигурност дека сте правилно заштитени.
Минт Инс е тука да го поедностави целиот процес – од споредба на понуди, до поддршка кога ви е најпотребна. Ние сме вашиот партнер кој го прави овој процес едноставен, транспарентен и ефикасен.
Контактирајте нѐ денес на 15 107, [email protected] или во една од нашите филијали.
