Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Примена на фертиригација кај овошните насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Примена на фертиригација кај овошните насади
Совети

Примена на фертиригација кај овошните насади

Објавено 27/05/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фертиригацијата претставува современа агротехничка мерка која овозможува истовремено наводнување и прихрана на овошните насади преку системите за микронаводнување.

Самото име потекнува од зборовите фертилизација и иригација, што значи комбинирање на две важни операции во еден процес. Овој начин на прихрана денес сè повеќе се применува во современото овоштарство поради високата ефикасност, рационалното користење на водата и подобрата искористеност на хранливите материи.

Со примена на фертиригација, растенијата добиваат хранливи материи директно во зоната на кореновиот систем, токму во периодот кога имаат најголема потреба од нив. На тој начин се овозможува побрза и поефикасна апсорпција на хранливите елементи, што позитивно влијае врз растот, развојот и плодноста на овошките. Дополнително, овој систем овозможува значително намалување на загубите на ѓубрива, бидејќи хранливите материи не се разнесуваат надвор од кореновата зона како кај класичната прихрана.

Во фертиригацијата најчесто се користат целосно растворливи цврсти или течни ѓубрива. Тие лесно се раствораат во вода и брзо стануваат достапни за растенијата. Квалитетот на системот за микронаводнување има клучна улога во успешната примена на фертиригацијата, бидејќи е потребно рамномерно распределување на водата и хранливите материи до секое растение во насадот.

Еден стандарден систем за фертиригација се состои од повеќе важни компоненти како што се пумпа, водомер, филтри, инјектор за ѓубрива, регулатори на притисок, манометар и цевководи. Секоја од овие компоненти има важна функција во обезбедување на стабилна и безбедна работа на системот. Особено значајни се филтрите, кои спречуваат затнување на капалките и обезбедуваат непречен проток на вода и растворени хранливи материи.

При избор на опрема за фертиригација потребно е да се земат предвид повеќе фактори, како што се капацитетот на системот, потрошувачката на енергија, можноста за автоматизација, видот на ѓубрива кои ќе се користат и квалитетот на водата. Правилниот избор на опрема овозможува долгорочна сигурност, подобра ефикасност и намалување на трошоците во производството.

Особено внимание треба да се посвети на хемиските и физичките својства на ѓубривата. Не се препорачува употреба на ѓубрива со мала растворливост, бидејќи можат да предизвикаат таложење и затнување на системот. Исто така, многу е важно да се следат pH вредноста на водата, можните хемиски реакции и компатибилноста на различните ѓубрива. Неправилното комбинирање на одредени производи може да доведе до намалена ефикасност и оштетување на системот за наводнување.

Фертиригацијата носи бројни предности за овоштарите. Таа овозможува повисоки и поквалитетни приноси, подобра искористеност на ѓубривата, значителна заштеда на вода и намалување на трошоците за работна сила. Дополнително, системот овозможува прецизна прихрана според потребите на растенијата и можност за целосна автоматизација на процесот.

Иако има бројни придобивки, фертиригацијата има и одредени недостатоци. Почетната инвестиција за поставување на системот е релативно висока, а за правилно функционирање е потребно техничко знаење и редовна контрола на системот. Исто така, при неправилна употреба постои ризик од контаминација на водните ресурси и појава на засоленост на почвата.

Сепак, со правилно дизајниран систем и стручно управување, фертиригацијата претставува една од најефикасните технологии во современото овоштарство. Таа овозможува подобра економичност на производството, стабилни приноси и поквалитетни плодови, што ја прави сè позастапена кај современите овоштари.

Наш совет

За успешно и економично користење на фертиригацијата, се препорачува редовно да се вршат анализа на почвата и водата, со цел правилно одредување на потребите од хранливи материи. Потребно е да се користат исклучиво квалитетни и целосно растворливи ѓубрива, како и редовно да се контролираат филтрите и притисокот во системот. Правилната примена на фертиригацијата овозможува поголема ефикасност, повисоки приноси и долгорочно одржливо овоштарско производство.

Извор: sovetodavna

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:овошните насадиприменафертиригација
Претходен напис Голем број членки на ЕУ се противат на намалувањето на средствата за кохезија и земјоделство
Следен напис УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?