Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Голем број членки на ЕУ се противат на намалувањето на средствата за кохезија и земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Голем број членки на ЕУ се противат на намалувањето на средствата за кохезија и земјоделство
Агровести

Голем број членки на ЕУ се противат на намалувањето на средствата за кохезија и земјоделство

Објавено 27/05/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Група од 16 земји на Европската Унија објави заедничка изјава во која се бара во следниот повеќегодишен буџет на ЕУ да не се намалуваат средствата што членките ќе ги добијат за кохезионата и за заедничката земјоделска политика.

Во документот, кој е составен на иницијатива на Романија, земјите потписнички истакнаа дека фондовите за регионална политика, земјоделство и рибарство, според предлогот за буџет на Европската комисија, се единствените што се соочуваат со реално намалување, иако буџетот за седумгодишниот период од 2028 до 2034 година ќе биде поголем од сегашниот.

Земјите потписнички побараа во нацрт-буџетот да се предвиди поголема вкупна алокација на средства од буџетот за земјите членки на ЕУ, кои парите потоа самите би ги намениле за земјоделство, регионална политика или евентуално за други приоритети, пренесоа агенциите.

Изјавата, освен Романија, ја потпишаа и Бугарија, Чешка, Хрватска, Естонија, Грција, Италија, Литванија, Летонија, Малта, Полска, Португалија, Словенија, Словачка, Шпанија и Унгарија.

Станува збор за земји кои, поради степенот на развој, добиваат повеќе пари од буџетот на ЕУ отколку што уплаќаат во него.

Во декларацијата се истакнува дека програмите за кохезија, односно вложувањата во намалување на регионалните разлики во развојот меѓу членките на ЕУ, како и заедничката земјоделска политика (ЗЗП), значително придонесуваат за целите на Унијата и се највидливи за граѓаните.

„Следната Повеќегодишна финансиска рамка мора и понатаму да осигура доволно средства за политиките кои произлегуваат од обврските од Договорот, како што се кохезионата политика, заедничката земјоделска политика и заедничката политика за рибарство, кои играат клучна улога во осигурувањето на регионалната конвергенција, економскиот раст и безбедноста на храната“, пишува во изјавата.

Земјите потписнички на изјавата воедно се противат на сè почестата појава новите приоритети и решавањето на вонредните ситуации да се финансираат со пренасочување на средствата од фондот за кохезија. Во изјавата се нагласува дека е потребно буџетот да одговори и на новите предизвици, како што се безбедноста, енергетиката и економската конкурентност.

Медиумите пишуваат дека барањето на 16-те земји на ЕУ уследи откако најбогатите членки, кои воедно и најмногу придонесуваат во касата на ЕУ, изразија намера дел од средствата од фондовите за кохезија да се пренасочат во дигитализација, одбрана и конкурентност.

Тие таканаречени штедливи држави, меѓу кои се Германија, Франција, Австрија, Шведска, Данска и Холандија, се противат на зголемување на буџетот и на какво било ново задолжување.

Земјите од групата „пријатели на кохезијата“ се залагаат за репрограмирање и пофлексибилна отплата на долговите поврзани со фондот „Следна генерација ЕУ“ (NextGenerationEU), како и за евентуално ново задолжување на Унијата на пазарот на капитал преку издавање заеднички обврзници на ЕУ.

Италијанскиот портал EUnews.it проценува дека заедничката изјава на 16-те држави на ЕУ е еден вид израз на недоверба кон Европската комисија. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделствонамалувањетосредстватачленки на ЕУ
Претходен напис Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Следен напис Примена на фертиригација кај овошните насади
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?