Ако сакате да имате украсни птици во дворот која ги лови полжавите и другите инсекти, набавете индиска патка- тркач.

Зошто токму патки тркачи?
Дури и името на оваа патка „индиски тркач“ асоцира на тоа дека потекнува од Индија. Големо влијание врз формирањето на нивното тело имаат и одгледувачите, кои патките после товење ги носеле на разни саеми во повеќе градови кои биле оддалечени дури и до двесте километри. Патките, кои успевале да совладаат толку голема далечина си оформиле витко и исправено тело на долги нозе. Здрави се и многу издржливи. Во Малезија ваквите патки се одгледуваат повеќе од 2000 години. Исто така многу се популарни во Германија и Англија. И уште една занимливост – во светот постојат услуги за изнајмување на патки тркачи.
Портокаловите полжави им се омилено јадење
Портокаловите полжави, патките ги сакаат најмногу. Сивите полжави и зелените гасеници не сакаат да ги јадат.

Од полжави можат да ја исчистат не само градината, туку и стаклениците и пластениците. Една патка може во текот на денот да собере 800 грама полжави. Патките исто така сакаат да јадат скакулци и други штетници.
Патките ја јадат и компировата златица
Тоа е уште една предност за одгледување на тие патки, кои без страв можете да ги пуштите во градината, за разлика од другите видови на патки, кои таму би направиле пустош.

Со огледот на тоа дека патките тркачи имаат тежина од само два килограми, дури и тогаш кога случајно ќе застанат на салатата нема да ја оштетат. Се прихрануваат со мелени житарици, со концентрат, а бараат и доволна количина на вода за пиење.
Извор: Agrosavjet
