Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Безбеден град“ во март регистрирал 26.241 сообраќаен прекршок, за 68,2 отсто намалување на поминувањето на црвено светло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Безбеден град“ во март регистрирал 26.241 сообраќаен прекршок, за 68,2 отсто намалување на поминувањето на црвено светло
Агровести

„Безбеден град“ во март регистрирал 26.241 сообраќаен прекршок, за 68,2 отсто намалување на поминувањето на црвено светло

Објавено 02/04/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Преку системот „Безбеден град“ во март констатирани се 26.241 сообраќаен прекршок, од кои само 70 за минување на црвено светло на семафор. 

Во периодот од 1.3.2026 до 31.3.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и на коридорите, каде што се поставени камери, регистрирани се вкупно 26.241 прекршок.

– Од вкупниот број регистрирани прекршоци за минување на затворен сигнал (црвено светло) констатирани се 70 прекршоци, што претставува намалување на 68,2 отсто во споредба со февруари, најголемиот број се за управување возило со брзина поголема од дозволената – 25.230, а во текот на март беа регистрирани дури 941 прекршок за управување возило со измината важност на сообраќајната дозвола – информираат од МВР.

Исто така, изречени се вкупно 544 мерки забрана за управување возило, чиј број бележи намалување од 16,7 отсто во однос на минатиот месец. Од нив, 70 се за минување на црвено светло, а 474 се за брзо возење, од кои 362 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 70 за брзина поголема од 10 км – сопствено ограничување на возилото и 42 за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за посигурни и побезбедни патишта.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:26.241 сообраќаен прекршокБезбеден градцрвено светло
Претходен напис БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
Следен напис Се одржа првичен состанок за проектот „Подобрување на самоорганизација на земјоделците во создавањето и управувањето со мали системи за наводнување“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?