Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кои се целите на органското земјоделско производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Органско производство > Кои се целите на органското земјоделско производство
Органско производство

Кои се целите на органското земјоделско производство

Објавено 01/04/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Законот за органско земјоделско производство беше усвоен во Собрание, означувајќи важен чекор кон развојот на земјоделството и усогласувањето на државата со европските стандарди.

Овој закон создава модерна и појасна рамка за развој на органското производство, зајакнувајќи го системот на контрола и транспарентноста на пазарот.

Кои се целите на органското земјоделско производство:

Целите на органското земјоделско производство се следниве:

а) придонес кон заштита на животната средина и климата;

б) одржување на долгорочната плодност на почвите;

в) придонес кон високо ниво на биолошка разновидност;

г) значителен придонес кон здрава животна средина;

д) придонес кон високо ниво на стандарди за благосостојба на животните, особено во исполнување на специфичните потреби на однесување за конкретните специфични видови животни;

ѓ) поттикнување на кратки дистрибутивни канали и локално производство;

е) поттикнување на зачувувањето на ретки и автохтони раси на животни на кои им се заканува опасност од изумирање;

ж) придонес кон развојот на снабдувањето на растителен генетски материјал прилагоден на посебните потреби и цели на органското земјоделско производство;

з) придонес кон високо ниво на биодиверзитет, особено со користење на разновиден растителен генетски материјал, како што е органски хетероген материјали и сорти соодветни за органското земјоделско производство и

ѕ) поттикнување развој на органски селекциони активности, со цел придонес кон поволните економски перспективи во органското земјоделско производство.

Органското земјоделско производство претставува одржлив систем на управување којшто се заснова на следниве општи начела:

а) почитување на системите и циклусите на природата и одржување и подобрување на состојбата на почвата, водата и воздухот, на здравјето на растенијата и животните и на рамнотежата меѓу нив;

б) зачувување на елементите на природниот пејзаж, како што се локалитетите на природно наследство;

в) одговорно користење на енергијата и природните ресурси, како што се водата, почвата, органските материи и воздухот;

г) производство на широк спектар на висококвалитетна храна и други земјоделски производи и производи од аквакултура коишто одговараат на побарувачката на потрошувачите за стоки коишто се произведени со примена на процеси кои не нанесуваат штета на животната средина, здравјето на човекот, здравјето на растенијата или здравјето и благосостојбата на животните;

д) обезбедување интегритет на органското земјоделско производство во сите фази на производство, подготовка и дистрибуција на храна и храна за животни;

ѓ) соодветно креирање и управување на биолошките процеси, врз основа на еколошки системи и примена на природни ресурси коишто се вградени во системот на управување, притоа користејќи методи кои што опфаќаат: – користење на живи организми и механички методи на производство,

– практикување на одгледување на култури во зависност од почвата и сточарско производство поврзано со земјиштето или практикување на аквакултура што е во согласност со начелата за одржливо управување со водите согласно прописите од областа на водите и начелата на управување на системот за заедничко уредување на пазарот на производите од рибарство и аквакултура согласно прописите од областа на рибарството и аквакултурата,

– исклучување на примената на ГМО, производи произведени од ГМО и производи произведени со ГМО, со исклучок на ветеринарни медицински производи и

– засновање на процена на ризик и примена на мерки на претпазливост и превентивни мерки, доколку е тоа соодветно;

е) ограничување на примената на надворешни влезни материи кои во случаи кога се задолжителни или не постојат соодветните практики и методи за управување наведени во точка ѓ) на овој член се ограничени на:

 – влезни материи од органско земјоделско производство, при што во случај на растителен репродуктивен материјал, предност се дава на сортите избрани поради нивната способност да ги исполнат конкретните потреби и цели на органското земјоделско производство,

– природни или природно добиени супстанции и

– минерални ѓубрива со ниска растворливост;

ж) приспособување на производствениот процес, кога тоа е потребно и во рамките на овој закон, при што се земаат предвид санитарната состојба, регионалните разлики во еколошката рамнотежа, климатските и локалните услови, фазите на развој и конкретните земјоделски практики на одгледување;

з) исклучување од целокупниот органски прехранбен синџир на клонирање животни, одгледување животни кај кои настанала вештачки предизвикана полиплоидија и јонизирачко зрачење и

ѕ) одржување високо ниво на благосостојба на животните со почитување на потребите специфични за видовите животни.

Службен весник на РСМ бр.56/2026 од 17.03.2026 влегува во сила на 25.03.2026, ќе започне да се применува од 1 јануари 2027 година.

Донесен новиот закон за органско земјоделско производство

Може да ви се допадне

Мицкоски: Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи е компромисно решение на засегнатите, целта е да го унапреди здравјето на граѓаните
ЕУ со нов план за обезбедување на ѓубрива и прехранбена сигурност
Несоодветно шетање куче ќе ве „чини“ 400 евра, нов Закон за домашни миленичиња
(ВИДЕО) Зибери: Со синот насадивме 1 ха со аронија, наместо во странство, треба дома да работиме
Кои се барањата за производство на органско вино и органски производи од вино
Таг:законнасадорганско производствоцели
Претходен напис Во тек е откупот на зелката, земјоделците се задоволни од моменталната откупна цена од 35 ден/кг
Следен напис Пријавување за субвенциониран студентски оброк од денеска до 5 април
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?