Европската комисија предложила основање на фонд од 15 милијарди евра, за вложување во компании кои работат во стратешките области.
Тијери Bретон, комесар на Европската комисија за внатрешен пазар, изјави дека ЕУ ќе воспостави нов фонд за поддршка на компаниите кои работат во области како што се здравство, научни истражувања, одбрана, дигитална и чиста технологија.
Истакнува дека планираниот фонд ќе има средства во вредност од 15 милијарди евра, наменети исклучиво за стратешките компании.

Додава дека Европската комисија исто така предложила уредба за воспоставуавње на инструменти кои со сретства од 31 милијарда евра, ќе им дадат поддршка на компаниите кои имаат потешкотии со отплата на долговите за време на пандемијата.
Потребно е споменатите програми за помош да ги одобри Европскиот парламент и сите земји членки на ЕУ.
Во рамките на борбата против пандемијата КОВИД-19, раководството на Европската унија исто така подготвува нова здравствена програма вредна 9,4 милијарди евра.
Како што е соопштено, здравствениот систем мора да биде подготвен на разни предизвици, и дека од новата програма од буџетот на ЕУ до 2027 година ќе бидат издвоени вкупно 9,4 милијарди евра.
Извор: Poslovne novine
