Американскиот ресторан “The Inn at Little Washington” планира повторно отворање бидејќи државата Вирџинија ја почнува првата фаза на повторно отворање на претпријатијата кои се занимаваат со неесенцијални дејности. Сепак, и кога ќе се случи тоа, на сила ќе бидат посебни мерки на внимание.
Во текот на првата фаза на отворање на рестораните во таа сојузна држава ќе биде дозволено да се послужуваат гостите на терасите, кои се лимитирани на 50% капацитет.

Меѓутоа “The Inn at Little Washington”, ресторан со 3 Мишелин ѕвездички во кој дегустациското мени започнува од 248 долари по лице, не сака масите кај нив да бидат празни.
Шефот на кујната, Патрик Оконел затоа одлучи да ги потполни со кукли. Фотографијата на Инстаграм профилот на ресторанот покажува кукли во старински одела и фустани од 1940 – та.

Куклите се поставени така да изгледаат како да јадат на масите, во пријатен разговор.
Оконел за “Washingtonian” изјавил дека неговиот ресторан сериозно ја сватил пандемијата. Шефот на кујната додава дека неговиот персонал спровел длабинско чистење а кога ресторанот ќе ги отвори своите врати за посетителите, ќе носат маски со уште еден детал кој би можел да ги расположи луѓето. Секоја од нив ќе биде украсена со насмевка на Мерлин Монро или брадата на Џорџ Вашингтон.

„Водичот на Мишелин“ се смета за најзначаен и најдобар водич за ресторани и врвни готвачи, а се издава во повеќе од 20 земји во светот. Водичот има свој систем со кој ги вреднува најдобрите хотели и ресторани во однос на цената. Важни критериуми за рестораните се квалитетот на производите, вештината на создавање ароми и готвење, оригиналноста на кујната, цената (локалните стандарди ја одредуваат просечната цена) и доследноста на посетителите.
Srbija danas.com
