Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката
Агровести

Божиновска на средба со претставници на ММФ-Потврдена заложбата за енергетска сигурност и одржлив развој на енергетиката

Објавено 25/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Актуелните економски состојби и идните планови на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во врска со интеграцијата со европскиот енергетски пазар беа тема на дискусија на денешната работна средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили.

Министерката Божиновска, информираат од нејзиниот кабинет, ги информираше претставниците на ММФ за тековните активности на Министерството во насока на усогласување со европските стандарди. При тоа, министерката потенцираше дека се работи на исполнување на обврските за енергетска ефикасност на јавните згради, според коишто, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3 проценти од вкупната корисна подна површина на јавните згради што претставува крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, а со цел да се излезе во пресрет и на потребите на граѓаните.

Во врска со актуелната состојба со цената на горивата, министерката Божиновска на средбата ги презентираше актуелните мерки коишто ги презема Владата со цел да се спречат ценовни шокови, при што додаде дека земјава во моментов има најниски цени на горивата во регионот. Министерката воедно нагласи дека и понатаму ќе се преземаат мерки со цел да се заштити стандардот на граѓаните.

Во таа насока, министерката ги нагласи и програмите за субвенционирање на сметките за електрична енергија и субвенции за клими, коишто се насочени кон заштита на ранливите категории граѓани.

Претставниците на ММФ, на средбата, ја потврдија цврстата заложба на Владата и на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за забрзување на преземените чекори во согласност со Реформската агенда, со цел обезбедување на сигурен и модерен електроенергетски систем.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Божиновскаенергетска сигурностММФодржлив развој
Претходен напис АПРЗ на директни средби со земјоделци во повеќе населени места во државата
Следен напис МЕРМС: На 29 март 2026 започнува летното сметање на времето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?