Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Русија се подготвува за рекордна берба на зеленчук
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Русија се подготвува за рекордна берба на зеленчук
Пазари

Русија се подготвува за рекордна берба на зеленчук

Објавено 01/06/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Руското Министерство за земјоделство, оваа година очекува рекорден принос на зеленчук од стакленици, а целта им е да се произведат доволно количини за снабдување на населението. Според последните објави на руското Министерство за земјоделство, рибарство и храна, во нивните стакленици до 28 април 2020, собрани се 389.300 тони зеленчук, што е за 29,4% повеќе во однос на истиот период минатата година. Тоа особено се однесува на растенијата одгледувани во стакленици меѓу кои се краставиците од кои се собрани 276.600 тони со пораст од 30% во однос на минатата година и 107.600 тони шери домати со ист таков пораст.

Очекуваат берба од речиси 1,25 милиони тони зеленчук

Оваа година очекуваат рекордна берба на зелечук од стакленици која би можела да достигне скоро 1,25 милиони тони, што е за 9,6 % повеќе во однос на 2019 година.

– “Зголемувањето на производството е пореади модернизација на стаклениците и новите инвестиции“, изјавил директорот на Националната задруга на одгледувачи на овошје и зеленчук, Михаил Глушков.

Русија има 1.100 хектари површина под нови стакленици

Во последните пет години тука се подигнати повеќе од 1.100 хектари нови стакленици, а се со цел да станат комплетни во производство на зеленчук. Моментално задоволуваат 90% од своите потреби за краставици, но и 60 % за шери домати. Во меѓувреме, ветото на европските производители на овошје и зеленчук кој е воведено во 2014 година и понатаму останува на сила.

Побарано е отворање на рускиот пазар

Во 2013 година, пред воспоставувањето на ветото , шпанскиот извоз на овошје и зеленчук во Русија изнесуваше 230.729 тони покривајќи широк опсег на производи. Но вистинскиот капацитет се покажа многу поголем со оглед на производите кои се извезени од други држави членки како Франција,Холандија и Полска. Од вкупната количина која Русија ја увезила вкупно 161.356 тони се овошје и речиси 80.000 тони зеленчук.

FEPEX и другите задруги за овошје и зеленчук на државите членки на Европската унија, побараа од Комисијата преговори за отворање на руските пазари.. Меѓутоа, како што пишува агроинформ, поради развојот и јакнењето на присутноста на другите земји, како Турција и Мароко, рускиот пазар веројатно нема да увезува толку многу зеленчук и овошје како пред ограничувањето.

Извор: Агроклуб   

Може да ви се допадне

Планираната сеидба на сончоглед во Русија е на 10,9 милиони хектари
Повеќе од 43.000 тони спорна пченица: Украина ја обвинува Русија за кражба, Израел е под притисок
Во Русија ќе се одгледуваат банани
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:FEPEXовошје и зеленчукРекордна бербаРусија
Претходен напис Куче робот ги надгледува посевите и ги чува овците
Следен напис Обединетите Арапски Емирати, истрајни во производството на сопствена храна: Пандемијата од корoна вирусот покажа дека тоа се исплаќа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?