Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.03.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.03.2026 година
Агровест

Состојба на земјоделските култури во Република Северна Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 12.03.2026 година

Објавено 12/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во изминатава седмица стабилното и суво време преку денот сончево и релативно топло, допринесе за пролетното будење на овошките, особено оние од коскестите видови, кои и вообичаено се првите видови, посебно во јужните краишта и Повардарието каде бадемот, сливата џанка и кајсијата се расцветани или се во почеток на цветање. Кај некои сорти на овошни видови, доколку не се насадени садниците, тоа успешно може да се изврши и во март до потерување на пупките. Во тек е и пролетната сеидба за некои градинарски култури, спањак, морков, салата. Во поладните реони (Источна и западна Македонија) пролетната салата се произведува преку расад, произведен во полутопли леи. Се сее февруари, стасува за 5 седмици. Во зависност од реонот, се расадува од втората половина на март и во почетокот на април (марулата). Исто така и есенските посеви продолжуваат со нивниот развој. Овие временски услови се погодни и за предсеидбена обработка на почвата за некои култури. Обработката на почвата за пролетна сеидба во пролет се состои од површинска и предсеидбена припрема. Површинската обработка треба да се изврши со што помалку наврати. Доколку основната обработка била квалитетно извршена и ако површината е рамна, предсеидбената припрема може да се изврши во еден до два наврати. Длабочината на оваа припрема треба да се прилагоди спрема длабината за одредени култури. Многу е важно пролетната припрема да се врши на веќе просушена почва т.е при поволна физичка зрелост на почвата за обработка.

Во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно и сончево време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Ваквите временски услови се добредојдени за изведување на работи во поле, припрема на површините во пластеничкото производство, прихранување на есенските посеви, припрема на почвата за сеидба на раните пролетни култури, садење на одредени рано градинарски култури како и други агротехнички мерки.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4°C на повисоките места, до 6°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 12°C до 20°C.

Може да ви се допадне

Невреме се приближува кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат на дожд, грмежи и силен ветер – еве кога ќе биде најизразено!
МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 28.05.2026 година
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 21.05.2026 година
Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 14.05.2026 година
Таг:времеземјоделските културипрогнозасостојба
Претходен напис Сок кој помага во обновувањето на црниот дроб
Следен напис Марков: Нема да се одземаат тракторите и приклучната механизација кои се нерегистрирани и без сопственост
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?