Кампањата на Платежната агенција – „Прашај ја агенцијата“ денеска продолжува во Општина Карбинци, информира ТВ Стар.
Земјоделските производители на средбата ќе имааат можност директно да се информираат за новите мерки и начинот на исплата на субвенциите.
Директорката на Агенцијата, Даниела Иротова посочи дека е многу важно земјоделците да имаат сознанија за мерките кои се носат од страна на МЗШВ, а кои имаат за цел усогласување со Заедничката земјоделска политика на ЕУ.
