Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЗЗРР: Кој може да врши ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, какви услови треба да исполни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > ЗЗРР: Кој може да врши ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, какви услови треба да исполни
Агровест

ЗЗРР: Кој може да врши ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, какви услови треба да исполни

Објавено 10/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на земјоделските производи е регулиран во член 31 од Законот за земјоделство и рурален развој.

Член 31

    (1) Откуп на земјоделски производи, освен тутун, се врши во вид на трговија на големо, откуп за преработка на земјоделски производи и откуп за сопствени потреби доколку се врши на откупно место согласно одредбите од овој закон, а за се што не е уредено во овој закон согласно со Законот за трговија.

    (2) Откуп на земјоделски производи можат да вршат само правни лица кои се регистрирани за преработка на земјоделски производи и правни лица кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи и запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи што се води при Министерството.

     (3) Откупот на земјоделски производи се врши само на откупни места одредени од откупувачот кои ги исполнуваат условите согласно со членовите 31, 32, 33 и 34 од овој закон и за кои го известил Министерството во рок од најмалку 30 дена пред почетокот на откупот на предвиденото откупно место.

(4) На секое откупно место задолжително се истакнуваат цените за секоја категорија на квалитет на земјоделските производи кои се предмет на откуп и тоа најмалку десет дена пред започнувањето на откупот на земјоделските производи, а по започнување на откупот на секој седми ден се истакнуваат минималните цени по земјоделски производ и/или класа според кои ќе се врши откупот наредните седум дена.

(5) Откупот се врши со писмен договор за производна година склучен за минимум 50% од реализираните количини, најмалку 45 дена пред вршењето на откупот и писмен договор склучен на местото на откуп за останатите количини по цени истакнати согласно со ставот (4) на овој член или по повисоки цени, во форма и содржина согласно со членот 32 од овој закон.

 (6) Покрај условите од ставовите (2), (3) и (4) на овој член откупувачите треба да ги исполнуваат и следниве услови: – да имаат соодветна големина на правното лице и шифра на дејност, – да имаат ликвидност во смисла на расположливи финансиски средства за откуп на земјоделски производи, – солвентност во смисла на намирени обврски за откуп на земјоделски производи, – да располагаат со соодветни објекти за преземање, сортирање, складирање и чување на земјоделските производ и опремата и – да имаат склучени договори за трговија на големо на откупените земјоделски производи, доколку откупот го вршат правни лица кои се регистрирани за вршење на трговија со земјоделски производи.

(8) Откупувачот е должен најдоцна до 31 март во тековната година до Министерството да достави податоци за планираните количини за откуп на земјоделски производи до 31 март наредната година, како и податоци за реализиран откуп за претходната година.

(9) Откупувачот е должен најдоцна до 15 во тековниот месец во електронска форма да достави податоци за реализиран откуп на земјоделските производи од претходниот месец и за планираниот откуп на земјоделски производи за наредниот месец.

(10) Видот на податоците од ставовите (8) и (9) на овој член, начинот на доставување, формата и содржината на образецот за доставување на податоците ги пропишува министерот.

Извор – ЗЗРР

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Маслинка: Изборот на квалитетни садници прв чекор кон успешна и долгорочна инвестиција
Следен напис Што содржи ДОГОВОРОТ ЗА ОТКУП на земјоделски производи и како се одвива исплатата согласно ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?