Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што содржи ДОГОВОРОТ ЗА ОТКУП на земјоделски производи и како се одвива исплатата согласно ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Што содржи ДОГОВОРОТ ЗА ОТКУП на земјоделски производи и како се одвива исплатата согласно ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Јавни огласи и повици

Што содржи ДОГОВОРОТ ЗА ОТКУП на земјоделски производи и како се одвива исплатата согласно ЗАКОНОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО

Објавено 10/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на земјоделските производи е регулиран со Законот за земјоделство и рурален развој.

Секој земјоделец треба да е информиран за содржината на законот во кој јасно се прецизирани сите негови обврски и права како производител.

Членот 32 од законот се однесува на Договорот за откуп на земјоделските производи.

Член 32

(1) Договорот за откуп на земјоделски производи се склучува во писмена форма.

(2) Договорот од ставот (1) на овој член особено содржи:

– вид на производ и квалитет,

– цена и количина на производот,

– времетраење на договорот,

– локација и време на предавање на предметот од договорот,

– начин и рок на исплата и

– одредби за престанување и раскинување на договорот.

(3) Договорот се однесува за една или повеќе производни години.

(4) Исплатата на откупените земјоделски производи откупувачот е должен да ја изврши во рок од 30 дена од денот на откупот, односно предавање на земјоделскиот производ во откупни центри.

(5) По исклучок на ставот (4) на овој член, договорот може да предвидува авансна исплата со исплата на остаток од вредноста на производот најдоцна до 90 дена од денот на откупот или исплата на средства во висина до 20% од вредноста на производот во рок од 20 дена од денот на откупот и рокот на исплата на остаток од вредноста не подолг од 90 дена од  денот на откупот.

(6) Откупувачот е должен податоците од договорот од ставот (2) на овој член, како и измените на податоците да ги внесува во електронска форма во регистарот од членот 4 на овој закон.

(7) Измена на договорот од ставот (1) на овој член договорните страни можат да извршат најдоцна десет дена пред предавање на производот од договорот.

(8) Производителот не смее да склучува договор за количини на даден земјоделски производ за кои има склучено договор со друг откупувач.

(9) Доколку цената од ставот (2) на овој член се одредува како опсег на минимална и максимална цена, износот на опсегот на договорната цена се пресметува како:

– 40% од минималната цена за минимални цени до 10 денари по единица производ,

– 30% од минималната цена за минимални цени од 10 до 20 денари по единица производ и

– 20% од минималната цена за минимални цени над 20 денари по единица производ.

(10) Точниот износ на цената од ставот (9) на овој член се утврдува најдоцна на денот на откупот на земјоделските производи во рамките на договорениот обсег имајќи ја предвид пазарната цена на производот.

(11) Во случај кога пазарната цена е повисока од максималната цена во рамките на договорениот обсег, откупната цена е максималната во договорениот опсег.

(12) Во случај кога пазарната цена е пониска од минималната цената во рамките на договорениот опсег, откупната цена е минималната во договорениот опсег.

(13) Пазарната цена е цена на земјоделските производи на пазарите во Република Македонија за која се води евиденција во Министерството согласно со Земјоделскиот пазарен информативен систем.

Извор – ЗЗРР

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:законзмјоделствооткуп
Претходен напис ЗЗРР: Кој може да врши ОТКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, какви услови треба да исполни
Следен напис Директни плаќања за произведен сертифициран посадочен материјал за градинарски култури од видот домат во 2024 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?