Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите

Објавено 03/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Рано е да се прогнозира колку ќе трае ситуацијата на Блискиот Исток, треба да почекаме, да видиме. Состојбата се следи на дневна основа, а ако се утврди дека е потребно да преземеме мерки од аспект на економијата, тие ќе бидат согласно законот, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

На прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања, Димитриеска-Кочоска постети дека Министерството за финансии не предлага кризни состојби.

-Има соодветни министерства кои, врз основа на анализи, треба да достават таков предлог и откако ќе се констатира каква е состојбата, во законот јасно стои што треба да се преземе. Ние ги следиме состојбите на дневна основа. Ќе видиме какви ќе бидат случувањата. Во законите е предвидено во кои услови може да има промени. Соодветно ќе реагираме. Нема песимистичко сценарио, законот е јасен. Има членови што кажуваат кога, во кои услови може да се направат промени. Некои прогнози се дека ова нема да трае долго, ќе видиме. Нафтата, денеска проверуваме, беше под 75 долари за барел. Не можеме да знаеме колкав ќе биде периодот до завршување на ситуацијата на Блискиот Исток, некои велат ќе трае кратко, некои анализи покажуваат дека подолго ќе трае. Треба да почекаме и да видиме, не би сакала однапред да зборувам. Ако ваквата ситуација продолжи, тогаш со ребалансот ќе ги менуваме проекциите. Секако на Владата ќе и стојат и други мерки на располагање, но ќе видиме. Владата е таа што треба да одлучи, премногу е рано особено за ситуација која очекуваме да заврши во пократок период, да прогнозираме дека нешто страшно ќе се случи. Ги следиме состојбите, да оставиме, да видме како ќе се развиваат работите, објасни Димитриеска-Кочоска.

Според министерката, Македонската економија изминатиот период е под силно влијание на случувањата надвор, но тоа е предизвик што стои пред Владата и онака како што и досега, во изминатите 20 месеци, покажавме како се работи на економски план, така и ќе продолжиме, ќе создаваме мерки и политики од интерес на стопанството и граѓаните, истовремено имајќи ја предвид состојбата на меѓународно ниво. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:блискиот истокдимитриеска кочосказаконитепреземемесостојбата
Претходен напис Иран забрани извоз на храна
Следен напис Понудените цени за новата реколта тутун за производителите се неприфатливи, бараат да се повисоки за околу 20 отсто
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?