Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Понудените цени за новата реколта тутун за производителите се неприфатливи, бараат да се повисоки за околу 20 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Понудените цени за новата реколта тутун за производителите се неприфатливи, бараат да се повисоки за околу 20 отсто
Агровести

Понудените цени за новата реколта тутун за производителите се неприфатливи, бараат да се повисоки за околу 20 отсто

Објавено 03/03/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Не се согласуваме и ги отфрламе новите цени на тутунот за новата реколта што ги понудија откупувачите, реагираа од Сојузот на земјоделските здруженија на денешната прес-конференција во Прилеп. Од откупувачите добија помалку од 5 проценти зголемени цени во договорите за новата реколта. Од досегашната 420 денари за прва класа, понудената цена е само 430 или 435 денари, револтирани се производителите.

– Откупните компании ни ги доставија цените и ние веднаш ги одбивме. Нивните понудени цени за нас се неприфатливи. Има мала разлика од компанија до компанија и понудените цени се движат од 430 до 435 денари за прва, 370 денари за втора и околу 305 денари за трета класа. Само да напоменам дека ланската реколта 98 проценти беше откупена во прва класа која изнесуваше 420 денари за килограм, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.

Сојузот не отстапува од своите понудени цени по класи за годинашнава, нова реколта тутун. Нивната понуда е 510 за прва, 460 за втора и 400 денари за трета класа. 

-Ние не отстапуваме од цените што им ги понудивме на откупувачите. На тој став ќе останеме се до почетокот на откупот и ќе ги искористиме сите начини и можности – рече Ристески.

Тутунарите се обврзани сега да ги склучат договорите со откупувачите за новата производствена година. Во спротивно, според законот, нема да им се признае произведеното и може да им бидат изорани нивите, а интересот за тутунопроизводство е зголемен за 10-тина проценти.

– Нашата битка за повисоки цени не го запира склучувањето на договорите кое почна од 1 март. Интересот за тутунопроизводство е зголемен и според земјоделците тутунот е една од најрентабилните земјоделски култури кој, со субвенциите достигнува цена од 500 денари за килограм, вели претседателот на Сојузот на земјоделските здруженија Кире Ристески кој нагласува дека нема да отстапат од барањата за околу 20 проценти повисоки цени, во спротивно нема да им дозволат на откупувачите да ја купат новата реколта тутун.

Во меѓувреме, останува барањето на Сојузот во измените во Законот за тутун да се внесе одредба со која склучувањето договори да не може да се направи без одобрување на Сојузот, односно, легитимниот претставник на производителите.

Ланската реколта тутун од 26 236 тони, 98 проценти е откупена во прва класа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:неприфатливиреколтатутунцени
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Се следи состојбата на Блискиот Исток, ако треба да преземеме нешто, ќе биде во рамки на законите
Следен напис Посна салата готова за 15 минути: Предјадење кое освојува со вкус
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?