Она што започнало како томбола на Федералниот саем за говеда Fleckvieh во Mizbah, со текот на годините прераснаla во извонредна одгледувачка приказна за долговечност и врвно производство на млеко. Пред повеќе од десет години, тогаш седумгодишната Paula Aumiler учествувала со своето семејство на изложба на говеда, но и во наградна игра. Кога бил извлечен нејзиниот број, малото девојче не се осмелило веднаш да влезе во изложбениот дел за да ја земе наградата. Денес, на 18 години, таа јасно се сеќава на тој момент. Телето што го освоила на томбола се викало Суси и станало вистинска легенда, пишува Agrarheute.

Суси, издржлива и долговечна крава
Единаесет години подоцна, Суси надминaла 100.000 литри млеко во текот на својот животен век, што ја прави една од исклучително ретките и долговечни крави. По фазата на одгледување, кравата била преместена на семејната фарма Spac во Hurlah, бидејќи Aumiler примарно не се занимавале со млечно говедарство. Таму Суси покажала извонредна издржливост и продуктивни способности.
Betina Spac, која ја води фармата заедно со нејзиниот татко Reinhard, вели дека Суси од самиот почеток била многу едноставна крава. Единствениот проблем со текот на годините биле копитата, но истакнува дека речиси секоја крава има периоди во својот живот кога бара повеќе внимание и грижа. И покрај нејзините години, таа е сè уште витална и препознатлива по својот мирен темперамент.
