Дали чувствувате болка и печење во стомакот веднаш после оброкот или во текот на ноќта? Дали често имате киселина, надуеност и гадење?
Сето ова се можни симптоми на непријатен и болен чир на желудникот.
Неговите симптоми можат да се влошат при зголемен стрес, ако јадете зачинета храна, кафе, алкохол итн. Иако обично не се причина за појава на чир, сепак тие ги влошуваат неговите симптоми со произведување на повеќе желудочна киселина.
Дури во 70 проценти од случаите, чирот на желудникот е предизвикан од бактеријата Helicobacter pylori.

При лекување на чир на желудникот, важно е никогаш да не се прејадувате, бидејќи таквото оптоварување на дигестивниот систем само ја влошува состојбата.
Јадете неколку пати на ден со помали оброци. Избегнувајте премногу зачинета храна, особено црвен или црн пипер. Иако ова се исклучително здрави зачини, не се препорачуваат кога имате проблеми со чир.
Исто така, важно е да се намали бројот на лоши бактерии во дигестивниот систем и да се зголеми бројот на добрите. Пробиотиците доста можат да ви помогнат. Пробајте го овој народен рецепт, кој не само што е лековит, туку е и многу сладок!
Мед со ореви и суво овошје
Состојки:
500 г ореви
500 г суво грозје
500 г суви кајсии
1 лимон
500 г мед

Подготовка:
Сомелете ги оревите, сувото грозје и сувите кајсии и додадете го лимонот заедно со кората, без семки (важно е да е домашен и да не е прскан). На крај, додадете го медот. Земајте 1 лажица од оваа смеса половина час пред јадење, три пати на ден.
Добра помош при чир на желудник е и смесата што можете да ја направите од 500 г мед, 0,5 л маслиново масло и 2 лимони (или 50-100 мл јаболков оцет).
Чувајте ја оваа смеса во фрижидер и земајте 1 лажица половина час пред секој оброк (пред секое консумирање, промешајте ја смесата со дрвена лажица). Консумирајте 5-6 ореви секој ден.
Можете да очекувате да ви се намали болката и непријатноста во рок од 4-5 дена откако ќе почнете да ја земате смесата. После тоа треба да направите пауза од еден месец.
извор: alternativa za vas.com
