Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов е разрешен од функцијата, на негово место за в.д е назначена Ефимија Димовска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов е разрешен од функцијата, на негово место за в.д е назначена Ефимија Димовска
Агровести

Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов е разрешен од функцијата, на негово место за в.д е назначена Ефимија Димовска

Објавено 27/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов, е разрешен од функцијата, објави банката на Македонска берза. На негово место за вршител на должноста е назначена Ефимија Димовска, која во јануари годинава беше именувана за член на Надзорниот одбор.

„Надзорниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје на седницата одржана на ден 23.02.2026 година од функцијата член на Управен одбор – главен извршен директор го разреши Кире Наумов, а за вршител на должност член на Управен одбор – главен извршен директор ја именуваше Ефимија Димовска член на Надзорниот одбор“, наведено е во соопштението.

Новата в.д. директрка Ефимија Димовска повеќе од 18 години активно работи во областа на развојното банкарство. Дипломирала на Економски факултет во Скопје, магистрирала на Универзитетот во Питсбург, САД, а докторира на Економски во Скопје во областа на финансиите, со посебен фокус на истражувањата во делот на пристап до финансирање на мали и средни претпријатија. Својата 27 годишна професионална кариера ја гради на одговорни и раководни позиции во Министерството за финансии, Развојната банка, енергетскиот сектор и високото образование.

Развојна банка ги финансира бизнисите во Македонија преку поволни кредитни линии обезбедени од меѓународните финансиски институции, а во последно време менаџираше и со унгарскиот кредит од 250 милиони евра наменет за компаниите.

Наумов е разрешен една година пред истекот на мандатот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДимовскаЕфимијаразвојна банка
Претходен напис Трипуновски на средба со одгледувачите на овци поради појавата на болеста сипаници кај овците и козите во Општина Липково
Следен напис ШТО ПРЕТСТАВУВААТ СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КОЗИ?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?