Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ШТО ПРЕТСТАВУВААТ СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КОЗИ?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ШТО ПРЕТСТАВУВААТ СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КОЗИ?
Агровести

ШТО ПРЕТСТАВУВААТ СИПАНИЦИ КАЈ ОВЦИ И КОЗИ?

Објавено 27/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сипаниците кај овците и козите се сериозни, високо заразни вирусни заболувања кои што ги погодуваат овците и козите и може да доведат до висока смртност.

НАЧИНИ НА ПРЕНОС И ШИРЕЊЕ:

Најважни начини на пренос се:

• Примарно се пренесува преку изложување на животните на аеросоли при близок контакт со животни со тешки клинички знаци, особено оние со рани на слузокожат.

• Преку оштетена кожа на заразено животно.

• Вирусот се излачува во млеко, урина, измет а може да е присутен и во волната.

• Можен е индиректен пренос преку контаминирани предмети.

КОИ СЕ КЛИНИЧКИТЕ ЗНАЦИ НА БОЛЕСТА:

Најважно е веднаш, без одлагање да ја пријавите кај вашиот ветеринар секоја промена во здравствената состојба на вашите животни. Раното откривање ќе спречи распространување на болеста, ќе спаси многу животни и болестите ќе можат поефикасно да се контролираат.

• Треска.

• Слабост и губење апетит.

• Отечени лимфни јазли.

• Намалено производство на млеко.

• Исцедок од очите, носот и устата.

• Отежнато дишење (пневмонија).

• Смрт.

КАКО МОЖЕТЕ ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ СВОИТЕ ЖИВОТНИ:

Примената на ветеринарното законодавство и споведувањето на био сигурносни мерки, идентификацијата и регистрацијата на животните заедно со контролата на движењето се најсигурни начини за спречување на појава на вирусите на сипаници или чума кај вашите овци и кози.

• Купувајте животни само од регистрирани и одобрени извори со валидни здравствени сертификати со кои се потврдува здравствената состојба и потеклото на животните.

• Животните потребно е да бидат обележани со ушни маркици. Почитувајте ги правилата за идентификација и регистрација на животните од вашата фарма.

• Почитувајте ги и спроведувајте ги строгите биосигурносни мерки.

• Одржувајте добра хигиена со редовно чистење и дезинфекција на фармата и опремата бидејќи вирусот на сипаници може да опстои во волната од животните и во околината дури и со месеци.

• Користете само своја опрема на вашата фарма.

• Избегнувајте контакт на вашите животни со други животни.

• Ограничете го пристапот на посетители и возила во фармата.

Извор – АХВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:болестовцисипаници
Претходен напис Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов е разрешен од функцијата, на негово место за в.д е назначена Ефимија Димовска
Следен напис МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково поради појава на сипаници кај овците и козите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?