Најголеми реакции кај земјоделците има зголемувањето на прагот за аплицирање за субвенции од 0.2 на 0.5 ха . Условно кажано малите земјоделци реагираат дека се обесправени, од МЗШВ одговараат дека се работи за реформа во агарот за зголемување на продуктивноста на производството и развоен ефект на субвенциите.
Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во изјава за ТВ 24 најави доработување на Мерка 6 од Програмата за директни плаќања во земјоделството која се однесува за поддршка за малите земјоделски стопанства.
МЕРКА 6
Средствата од дел I мерка 6 од оваа програма во из-нос од 1.000.000,00 денари се наменети за директни пла ќања за мали земјоделски стопанства дефинирани спо-ред одобрена висина на поддршка за директни плаќања за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства, која не надминува 30.000 денари.
Корисници на директните плаќања од дел I мерка 6 од оваа програма се земјоделски стопанства кои се корисници на основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства од дел I мерка 1 од оваа програма и за кои висината на одобрените директни плаќања не надминува 30.000 денари.
Висината на поддршката од ставот 1 на овој дел изнесува дополнителни 10% од утврдената висина според мерка 1 од оваа програма.
„Во Програмата за 2026 година воведовме посебна мерка, која во моментов е во фаза на доработка, со цел да бидат поддржани сите мали капацитети, истата е насловена како „Мерка за директни плаќања на мали земјоделски стопанства“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисија на ТВ 24.
„Да појаснам, земјоделец кој имал 2 декари лозов насад и ги пријавил минатата година, а со новите измени минималниот праг е 0,5 хектари, преку оваа нова мерка ќе добие транзициски период. Во наредните една до максимум три години ќе продолжиме да ги поддржуваме истите два декари, со цел земјоделецот да има време да одлучи дали ќе ги зголеми своите капацитети на 0,5 хектари или ќе одлучи да не ги проширува, по што нема да остварува право на субвенции“, нагласи министерот.
Транзицискиот период ќе изнесува од една до три години, во зависност од секторот, бидејќи временската рамка е различна за различни производствени гранки.
„Никој во овој период нема да остане без финансиска поддршка. Обезбедуваме фер и постепена транзиција, со цел малите земјоделци да се прилагодат на новите услови“, потенцираше министерот Трипуновски.
