Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Трипуновски: Воведовме посебна мерка за сите „мали“ земјоделци – Субвенции до 30.000 денари за да го зголемат производството и да го достигнат прагот од 0.5 ха
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Трипуновски: Воведовме посебна мерка за сите „мали“ земјоделци – Субвенции до 30.000 денари за да го зголемат производството и да го достигнат прагот од 0.5 ха
Агровести

(ВИДЕО) Трипуновски: Воведовме посебна мерка за сите „мали“ земјоделци – Субвенции до 30.000 денари за да го зголемат производството и да го достигнат прагот од 0.5 ха

Објавено 19/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Screenshot
Сподели
Ad imageAd image

Најголеми реакции кај земјоделците има зголемувањето на прагот за аплицирање за субвенции од 0.2 на 0.5 ха . Условно кажано малите земјоделци реагираат дека се обесправени, од МЗШВ одговараат дека се работи за реформа во агарот за зголемување на продуктивноста на производството и развоен ефект на субвенциите.

Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во изјава за ТВ 24 најави доработување на Мерка 6 од Програмата за директни плаќања во земјоделството која се однесува за поддршка за малите земјоделски стопанства.

МЕРКА 6

Средствата од дел I мерка 6 од оваа програма во из-нос од 1.000.000,00 денари се наменети за директни пла ќања за мали земјоделски стопанства дефинирани спо-ред одобрена висина на поддршка за директни плаќања за основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства, која не надминува 30.000 денари.

Корисници на директните плаќања од дел I мерка 6 од оваа програма се земјоделски стопанства кои се корисници на основна поддршка на доходот на земјоделските стопанства од дел I мерка 1 од оваа програма и за кои висината на одобрените директни плаќања не надминува 30.000 денари.

Висината на поддршката од ставот 1 на овој дел изнесува дополнителни 10% од утврдената висина според мерка 1 од оваа програма.

„Во Програмата за 2026 година воведовме посебна мерка, која во моментов е во фаза на доработка, со цел да бидат поддржани сите мали капацитети, истата е насловена како „Мерка за директни плаќања на мали земјоделски стопанства“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисија на ТВ 24.

„Да појаснам, земјоделец кој имал 2 декари лозов насад и ги пријавил минатата година, а со новите измени минималниот праг е 0,5 хектари, преку оваа нова мерка ќе добие транзициски период. Во наредните една до максимум три години ќе продолжиме да ги поддржуваме истите два декари, со цел земјоделецот да има време да одлучи дали ќе ги зголеми своите капацитети на 0,5 хектари или ќе одлучи да не ги проширува, по што нема да остварува право на субвенции“, нагласи министерот.

Транзицискиот период ќе изнесува од една до три години, во зависност од секторот, бидејќи временската рамка е различна за различни производствени гранки.

„Никој во овој период нема да остане без финансиска поддршка. Обезбедуваме фер и постепена транзиција, со цел малите земјоделци да се прилагодат на новите услови“, потенцираше министерот Трипуновски.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделцималисубвенциихектари
Претходен напис Вајц: Северна Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски
Следен напис Променливо облачно со повремен дожд, на планините врнежи од снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?