Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерството за локална самоуправа објави повик за зголемување на регионалната конкурентност
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Министерството за локална самоуправа објави повик за зголемување на регионалната конкурентност
Јавни огласи и повици

Министерството за локална самоуправа објави повик за зголемување на регионалната конкурентност

Објавено 17/02/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за локална самоуправа објави јавен повик за финансирање предлог-проекти насочени кон намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година по одделни мерки и активности за поттикнување рамномерен регионален развој.

– Целта на повикот е доделување средства на проекти што ќе придонесат кон намалување на разликите во степенот на развиеност меѓу регионите, јакнење на регионалната конкурентност и поттикнување на локалниот развој преку искористување на сопствените потенцијали – информираа денеска од Министерството за локална самоуправа.

Како приоритетни за 2026 година се наведени развојот на современа и модерна инфраструктура во планските региони, препознавањето и искористувањето на конкурентските предности на планските региони, подобрувањето на енергетската ефикасност на јавните објекти и користење обновливи извори на енергија.

– Вкупниот износ на средства предвидени за финансирање проекти изнесува 74.840.000 денари. Овие средства се предвидени во програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година – појаснија од Министерството за локална самоуправа.

Право на поднесување предлог-проекти имаат центрите за развој на планските региони, општините, општините во градот Скопје, Град Скопје, јавните претпријатија и јавните установи основани од државата, од општините, од општините во градот Скопје и од Град Скопје, високообразовните и научните институции и здруженијата.

Рокот за поднесување апликации е во текот на 2026 година, односно до искористување на расположливите средства.

Повикот со условите и критериумите е достапен на веб-страницата на Министерството за локална самоуправа. бд/дма/

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:огласиплански региониповицископје
Претходен напис Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
Следен напис Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ-обврзниците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?