Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст
Агровести

Димитриеска-Кочоска: Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст

Објавено 17/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секој денар од буџетот мора да има економска оправданост и развојна цел. Нашата фискална политика се темели на фискална консолидација и забрзан економски раст. Овие цели не се спротивставени, туку се меѓусебно поврзани – рече денеска министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во обраќањето на панел-дискусијата „Зајакнување на управувањето со државната помош во Западен Балкан: транспарентност, ефективност и усогласување со ЕУ“,  Димитриеска-Кочоска напомена дека фискалната дисциплина значи намалување на непродуктивните трошоци и насочување на средствата таму каде што ќе создадат најголема додадена вредност. Во таа рамка, додаде, државната помош е инструмент, кој мора да биде внимателно дизајниран, таргетиран и континуирано оценуван.

– Државната помош не смее да биде товар врз јавните финансии, туку инвестиција во конкурентноста и одржливиот раст. Таа опфаќа разни области и значаен обем на средства. Според податоците на Комисијата за заштита на конкуренцијата, во 2023 година државната помош изнесувала 206 милиони евра или речиси 1,5 процент од БДП, а во 2024 година достигнала 235,2 милиони евра или 1,52 процент од БДП. Овие износи ја нагласуваат важноста на овој инструмент, но уште повеќе ја потенцираат потребата од високо ниво на транспарентност и отчетност. Економските показатели покажуваат дека поддршката за инвестиции има позитивни ефекти врз економската активност – потенцира министерката.

Според неа, пет квартали по ред бележиме стапки на раст од речиси и над три проценти, при што во третиот квартал од 2025 година растот достигна 3,8 проценти. Бруто-инвестициите во истиот период пораснаа, како што истакна, за 30,6 проценти, пред сè како резултат на  зголемената активност на приватниот сектор. 

– Владата, покрај мерките за државна помош, обезбеди 250 милиони евра поволни средства за поддршка на инвестициски проекти на компаниите, како и дополнителни 250 милиони евра за капитални проекти во општините, со што се поттикнува економската активност и се обезбедува порамномерен регионален развој.

Панелот, чија цел е да се укаже на значењето на државната помош, го организира Институтот за економски истражувања и политики Finance Think, а присуствуваат претставници на академската и бизнис-заедницата, претставници на институциите од земјите на Западен Балкан, претседатели и членови на комисии за заштита на конкуренцијата, како и претставници на меѓународни партнери. мч/са/

Фото: МИА 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:евракочовскамилионифискална
Претходен напис Состојбата стабилизирана, нема нови излевања на реките
Следен напис Министерството за локална самоуправа објави повик за зголемување на регионалната конкурентност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?