Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мицотакис до сточарите: Приоритет е дефинитивното искоренување на сипаниците кај овците и козите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мицотакис до сточарите: Приоритет е дефинитивното искоренување на сипаниците кај овците и козите
Агровести

Мицотакис до сточарите: Приоритет е дефинитивното искоренување на сипаниците кај овците и козите

Објавено 10/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сакам да знаете дека сè додека трае оваа состојба, ќе го поддржиме грчкото сточарство, но во овој момент наш приоритет и единствениот план на кој инсистираме е целосното искоренување на сипаниците кај овците и козите, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претставници на сточарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата, како што информираа од кабинетот на Мицотакис е во продолжение на „институционалниот дијалог на Владата со производителите за решавање на прашањата со кои се соочува примарниот сектор, со фокус на планирањето на иднината, со цел да се обезбеди екстровертен развој и конкурентност на грчките производи, како и отпорноста на грчкото производство“.

Мицотакис посочи дека за Владата, но и за него лично, „поддршката на грчкото сточарство и производите е приоритет за кој не се преговара“ и нагласи дека имаат два месеци до Велигден за да може да се постигне целта, односно искоренување на сипаниците кај овците и козите, додавајќи дека според податоците од надлежното Министерство, „случаите се веќе исклучително ниски“

– Потребна ни е и вашата целосна соработка за да ја постигнеме оваа цел, што е национална цел за целокупна заштита на грчкото сточарство со почитување на мерките за биолошка безбедност, строга контрола во однос на нелегалните движења на животни, ефикасно справување со нелегалната вакцинација, што е проблем за кој знаеме дека во моментов, за жал, се случува. Сите заедно ќе ја постигнеме оваа цел. Сакам да нагласам дека од страна на Министерството и Владата не постои друг план, ниту „план Б“ и сметам дека дискусијата за вакцинирањето во овој момент повеќе одвлекува внимание, бидејќи во секој случај, мерките за биолошка безбедност треба строго да се почитуваат, истакна Мицотакис.

За сипаниците кај овците и козите, грчкиот премиер, пред две седмици одржа состанок со надлежните, кога посочи дека е неопходна имплементација на мерките за биолошка безбедност и нагласи дека вакцинацијата не е решение.

Според податоците од Министерството за земјоделство на Грција објавени минатиот месец, од август 2024 година до 18 јануари годинава биле усмртени вкупно 472.928 овци и кози како дел од мерките планирани за борба против сипаниците, а регистрирани биле 2.061 случај на 2.559 фарми во цела Грција.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:МинистерствоМицотакиссточари
Претходен напис Просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната, изготвена е, се чека одговор од синдикатите и работодавачите
Следен напис Променливо облачно, попладне повремен дожд, а на планините снег
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?