Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната, изготвена е, се чека одговор од синдикатите и работодавачите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната, изготвена е, се чека одговор од синдикатите и работодавачите
Агровести

Просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска од синдикалната, изготвена е, се чека одговор од синдикатите и работодавачите

Објавено 10/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но се уште, повеќе од шест месеци, се чека одговорот од синдикатите и работодавачите – да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии кои можеби би требало да се вградат во неа.

Како што рече вечерва заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто пониска во однос на синдикалната и од неа се исклучени цигарите, тутунот, алкохолот и станарината.

Според Ристески, синдикатите ја пресметувале синдикалната кошничка врз основа на цените од еден или два маркета, ги земале предвид сезонските овошја и зеленчук кои не се карактеристични за соодветните периоди, а ја калкулирале и киријата. Притоа, податоците не се однеусвале за цел месец, туку кошничката се пресметувала на 20-ти во месецот. Како што рече, тоа го правеле за да вршат синдикален притисок во јавноста и врз Владата за зголемување на платите.

Потрошувачката кошничка е изготвена уште во првиот дел минатата година, на 30 јули на Економско-социјалниот совет (ЕСС) ја дадовме на увид на синдикатите и работодавачите и се уште очекуваме одговори од нив, еве, повеќе од шест месеци, да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии што би требало да се вградат. Кога тоа ќе го направат, ќе ја поставиме на ЕСС и ќе почнеме да ја пресметуваме. Ние имаме направно пресметка и има разлика во однос на синдикалната кошничка. Просечната потрошувачка кошничка е пониска од минималната, а разликата во однос на синдикалната сигурно ќе биде повеќе од 10 отсто. Параметрите се земени од Државниот завод за статистика, врз база на шест синџири на маркети на национално ниво, два регионални маркета, зелени пазари од различни региони и Земјоделскиот пазарен информативен систем. Се изработува врз основа на два дела: првиот е храна и безалкохолни пијалаци, а вториот услуги и други потреби за едно просечно четиричлено семејство. Сите овие релевантни податоци даваат реална слика за просечните потреби на едно семејство. Оваа кошничка ги има исклучено акцизните стоки како цигарите, тутунот и алкохолот како луксузни, но и станарината зашто според пописот, во 2021 година 90 отсто од населението не плаќа кирија, информира Ристески во дневникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека просечната потрошувачка кошничка нема да биде конкурент на синдикалната, зашто, секако, синдикатите имааат право да ги бараат своите права.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Владакошничкапотрошувачкасиндикат
Претходен напис Силен земјотрес ја стресе Македонијa
Следен напис Мицотакис до сточарите: Приоритет е дефинитивното искоренување на сипаниците кај овците и козите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?