Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок
Агровести

Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок

Објавено 12/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цената на јајцата во малопродажбата од денеска е значително намалена и во поголем дел од маркетите е вратена на нивото од пред големото поскапување забележано во ноември минатата година. Потрошувачите веќе можат да ги купат јајцата по пониски цени, при што таблите се поевтинети за десетици денари.

Во дел од продажните ланци табла од 30 јајца која до вчера се продавала за околу 370 денари, денес чини 279 денари, што е намалување од речиси 100 денари. Кај помалите пакувања, таблата од 10 јајца која се продавала за 135 денари, сега се нуди за 99 денари. Намалувањето кај поголемите табли изнесува од 60 до 80 денари, додека кај помалите од 30 до 40 денари.

Добавувачите најавуваат дека дел од маркетите допрва ќе ги коригираат цените во наредните денови, па се очекува поевтинувањето да стане уште поизразено и пошироко присутно на пазарот.

Цените на јајцата драстично пораснаа кон средината на ноември 2025 година, кога во рок од неколку дена беше регистриран раст од 20 до 30 проценти. Тогашното поскапување предизвика незадоволство кај граѓаните, бидејќи јајцата се основна намирница во секојдневната исхрана.

Со денешното намалување, пазарот практично се враќа на состојбата пред тој ценовен шок, што за многу семејства значи олеснување на месечниот буџет и поевтино снабдување со една од најчесто користените прехранбени намирници.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јајцатамаркетитепоевтинуваатстарите цени
Претходен напис М-р Боријан Борозанов во „Бизнис-клуб“: Интеграцијата во глобалните системи, извозно-развоен модел и инвестиции во образованието – клучни фактори за успех на државата
Следен напис Балканот под снег и мраз: Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?