Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Балканот под снег и мраз: Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Балканот под снег и мраз: Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска
Агровести

Балканот под снег и мраз: Вонредни мерки во Србија, портокалов аларм во БиХ и Хрватска

Објавено 12/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Студен бран го зафати регионот на Западен Балкан, а во Србија е прогласена вонредна состојба во 11 општини поради екстремно ниските температури и високите снежни наноси, јавуваат локалните медиуми. Околу 9.000 домаќинства во Србија се без електрична енергија.

Вонредна состојба е воведена во општините Ваљево, Лозница, Осечина, Крупањ, Мали Зворник, Владимирци, Сјеница, Мајданпек, дел од Пријепоље, Лучани и Ивањица. Снегот го ограничи пристапот до 15 села, а железничкиот сообраќај на линиите до Лазаревац и од Младеновац кон Белград е во целосен прекин.

Спасувачките екипи од вчера до денес интервенирале 98 пати на терен, евакуирајќи 37 лица. Од компанијата „Електродистрибуција Србија“ соопштија дека снабдувањето со струја постепено се нормализира, но се уште се работи на дефектите кај неколку илјади корисници.

Температурите во Србија деновиве се спуштија до -17 степени Целзиусови. Портокалов аларм утрово е активиран за Белград, Бачка, Банат, Срем, како и за западна и југозападна Србија. Премиерот најави седница на Штабот за вонредни ситуации за разгледување на понатамошните мерки.

Слична е состојбата и во Босна и Херцеговина, каде исто така е прогласен портокалов метеоаларм поради температури од -15 степени. Хидрометеоролошкиот институт предупреди дека студот е опасен за здравјето на постарите лица, децата и хронично болните, јави БХРТ.

Хрватска, исто така, се соочува со обилни снежни врнежи во последните денови, а најниската температура е регистрирана денеска од -19,6 степени, објави хрватскиот портал „Индекс“. Температурата во главниот град Загреб утрово е -10 степени. Метеролозите за денеска највуваат постепено разведрување и нешто потопло време.

Во Црна Гора се очекува времето да се подобри денеска, но властите ги предупредуваат возачите да внимаваат на мраз и лизгање на земјиштето, објави МИНА.

Во Словенија, температурите се исто така ниски, а најстудено денеска е во југозападна Словенија – каде што температурата рано утрово беше -21,1 степени, објави словенечкото издание „24 ур“. Во остатокот од земјата, минималните температури се движат помеѓу -19 и -10 степени.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:БалканотмразснегсрбијаХрватска
Претходен напис Јајцата поевтинуваат: Маркетите ги враќаат старите цени по ноемврискиот скок
Следен напис Обилните снежни врнежи и дожд ја комплицираат ситуацијата во Албанија и Косово; Албанските вооружени сили трагаат по маж однесен од надојдена река
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?