Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Го одбележуваме Светскиот ден на пчелите – Нашиот опстанок зависи од опстанокот на пчелите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Го одбележуваме Светскиот ден на пчелите – Нашиот опстанок зависи од опстанокот на пчелите
Магазин

Го одбележуваме Светскиот ден на пчелите – Нашиот опстанок зависи од опстанокот на пчелите

Објавено 20/05/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Ако исчезнат пчелите од планетата Земја, на човекот како вид му останува уште околу 4 години живот“. Ова е позната изјава на Алберт Ајнштајн која сигурно барем еднаш во животот  сме ја слушнале, а ако не смениме нешто во врска со нив, би можеле на потежок начин да  дознаеме дали таа е вистинита.

Преживувањето на пчелите и другите опрашувачи, како што се бумбарите и пеперутките, во моментов е загрозено од бројни човечки активности.

Зошто тоа треба да нѐ загрижува?

Бидејќи опрашувањето е клучен процес од кој зависи опстанокот на нашиот екосистем. Скоро 90% од светските цветни растенија зависат од опрашување од природни опрашувачи, а тие влијаат и на дури 75% од светските посеви.

Пчелите директно придонесуваат за производство на храна што ја консумираат, како и за одржување на биодиверзитетот.

Падот на популацијата на пчелите во последно време стана тема која се повеќе загрижува, а за да можат што поголем број луѓе да се едуцираат за нивната важност, на 20 мај секоја година се одбележува нивниот ден, поточно Светскиот ден на пчелите.

Како започна сѐ?

Благодарение на Јанша, пчеларството денес е многу негувана традиција во Словенија каде што кошниците можат да се видат наредени на полињата, шумските краеви, во градините и на покривите, а оваа земја е и светски лидер во нивното зачувување.

Пчелата како симбол на трудот може да се забележи на влезовите во банките и музеите, па дури е ставена на монетата од 2 евра која Европската централна  банка ја издаде по повод  првиот Светски ден на пчелите,  а тоа е 20 мај 2017 година, на иницијатива на Словенија. Овој датум е избран бидејќи тоа е ден на раѓањето на Антон Јанша.

Заштита на пчелите и медот

Иако секторот пчеларство е мал,  тој многу е важен за земјоделството, сигурноста на храната и био-диверзитетот, бидејќи пчелите се најбројни опрашувачи на цветовите. Болестите на животните, интензивното земјоделство, изложувањето на хемикалии, губењето на стрништата и сѐ полошите климатски услови се закана за нивната продуктивност.

Пчеларството е присутно во сите држави членки на ЕУ, со тоа што условите за произвдоство, приноси и пчеларска пракса се разликуваат од земја до земја. Европската Унијата, после Кина,  е втор по важност производител на мед во светот, но истовремено е и увозник на мед во земјите надвор од своите граници. Државите членки на ЕУ со најголемо производство на мед (Романија, Шпанија, Унгарија, Германија, Италија, Грција, Франција и Полска) главно се сместени во јужниот дел на Европа, каде што се поповолни климатските услови.

Европската комисија во своето известување објави дека за периодот 2020 – 2022 година, од националната програма на Унијата за пчеларство,  ќе се потрошат 240 милиони евра, што е 11 % повеќе во однос на периодот 2017 – 2019 година.

Дали знаете дека?

Освен што се корисни, пчелите се многу интересни инсекти. Дали знаевте дека:

  • Медоносните пчели (Apis mellifera)  имаат 170 рецептори за мирис кои им овозможуваат роднинско препознавање, комуникации внатре во кошницата и за пронаоѓање на храна. Нивното чувството за мирис е толку многу прецизно што можат да разликуваат дури стотина различни сорти на растенија.
  • Пчелите замавнуваат 11.400 пати во минута поради што се слуша звук на зуење.
  • Просечната пчела произведува околу една и пол лажица мед во својот живот, а во текот на еден лет посетува 50-100 цветови.
  • Секоја пчела има свој уникатен мирис , па така можат да се препознаваат меѓу себе.
  • Пчелите работнички всушнос се полово неразвиени женки.
  • Мозокот на пчелите има овален облик и голем е колку семе од сусам, но тоа не значи дека тие немаат  иклучителна способност за учење и памтење и дека не се способни да направат комплексни пресметки во врска со нивните летови

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Антон ЈаншамедпчелиСвтски ден на пчелите
Претходен напис Итен надзор по вчерашната експлозија во поранешна Топилница во Велес
Следен напис ЗПВ Николовски, Бочварски и Рустеми во посета на регионалниот пат Узем-Тораница: Завршува рехабилитацијата на уште една важна делница, вложуваме во квалитетна патна мрежа, подеднакво во сите региони од државата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?