Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: По тепачките и турканиците – се бара притвор за ќерките и таткото чии крави пасат кај ќе стигнат
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > По тепачките и турканиците – се бара притвор за ќерките и таткото чии крави пасат кај ќе стигнат
Агровест

По тепачките и турканиците – се бара притвор за ќерките и таткото чии крави пасат кај ќе стигнат

Објавено 03/12/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се бара притвор за таткото и за неговите две ќерки од Кривопаланечко чии крави пасат кај ќе стигнат, а вчера и ги спречуваа полицајците и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство да ги одземат кравите.

 Осомничените, татко и двете негови ќерки, како соизвршители на 2 декември, со сила и сериозна закана спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство со полициска асистенција да постапат по правосилно и извршно решение за спроведување мерки за одземање домашни животни – крупен добиток. Јавниот обвинител, имајќи ја предвид опасноста од бегство, но и можноста за повторување на делото, до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за сите осомничени – соопшти Обвинителството.

(ВИДЕО) ФОКУС: Уапсен сопственикот на кравите во кривопаланечко

Според Обвинителството, тие подолг период го малтретираат месното население и соседите, а почнале да ги напаѓаат и претставниците на надлежните институции.

МВР соопшти дека тројца луѓе се уапсени поради тоа што попречувале полицајци и вработени во АХВ при извршување службени дејствија.

-Вчера (02.12.2025) околу 16:00 часот во село Трново, кривопаланечко, кај место викано „Самоков“, полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка ги лишија од слобода Г.Ѓ.(57), А.Ѓ.(30) и А.Ѓ.(22), сите од с.Жидилово, кривопаланечкo – велат од МВР.

Ситуацијата со кравите во Кривопаланечко ескалираше вчера кога сопственикот, кого полицијата мораше да го спречува да се степа со еден од соседите, даваше отпор, а неговите ќерки се обидуваа да ги спречат полицајците да го одведат, но тие сепак го совладаа. Тој е уапсен меѓу другото и затоа што наводно им се заканувал по живот на повеќемина жители на селото кои трпеле штета од неговиот добиток.

(ВИДЕО) За невeрување е ова што се случува во Крива Паланка: Кравите и натаму прават пустош во атарите на кривопаланечките села

Жителите на неколку села во Кривопаланечко го обвинија семејството дека е проблематично и дека стоката ја чува без штала и без место за пасење, пуштајќи ги кравите да талкаат низ селата, каде прават штета во туѓите ниви и посеви.

Извор – Слободен печат

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Занаетите на сегашноста и иднината -Занаетот е злато и при вештачката интелигенција
Следен напис Мицотакис: Екстремните активности на земјоделците не помагаат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?