Блокадата на ИПАРД 3 програмата тежок удар и за преработувачката индустрија. Модернизацијата и развојот на оваа гранка доведена во прашање. Од Македонската Асоцијација на преработувачи велат дека нивните членки се затечени од последната одлука. Голем дел од нив се во фаза на имплементирање на проектот, а процесот на пролонгирање на исплатата скапо ќе ги чини.
Од МАП сметаат дека државата треба да најде решение за ново настанатата ситуација. Едно од нив е финансирање на дел од вложените инвестиции на преботувачите.
За ИПАРД 3 програмата предвидени се 98 милиони евра, а исплатени се само 8.Од Министерството за финансии, велат дека се работи на 73 апликации кои тежат над 20 милиони евра. Но нивното одобрување и исплата ќе зависи од исходот на скандалот со платежната агенција.
Во просек на годишно ниво агенцијата доделувa околу 500-тини грантови за инвестиции.
Извор – 24ТВ
