Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Форум за проширување на ЕУ во Брисел на 18 ноември
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Форум за проширување на ЕУ во Брисел на 18 ноември
Агровест

Форум за проширување на ЕУ во Брисел на 18 ноември

Објавено 12/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Форумот за проширување на Европската Унија, кој ќе се одржи на 18 ноември во Брисел, е водечка иницијатива на Европската комисија чија цел е да го подигне нивото на дискусија за проширувањето како заеднички политички, општествен и генерациски проект. 

Сегашниот моментум во процесот на интеграција е основа на стратешката визија на Европската комисија за периодот 2024-2029 година. 

Проширувањето е клучно за способноста на Европската Унија да обезбеди стабилност, просперитет и демократски вредности надвор од своите граници, како и во нив. Ги зајакнува стратешките интереси на Унијата, го поттикнува економскиот раст и конкурентноста, ја подобрува енергетската безбедност и ги консолидира реформите во областа на управувањето и владеењето на правото. Европската Унија во моментов ја спроведува најамбициозната програма за проширување во последните 10 години. За прв пат во една генерација, влезот на нови членки е на дофат. 

Проширувањето и понатаму останува еден од најмоќните инструменти што ги поседува Униијата за трансформација, но и една од нејзините најголеми одговорности. 

Форумот, замислен како интерактивен, инклузивен и насочен кон иднината, е дел од пошироките планови за приближување на процесот на проширување до граѓаните и поттикнување на вистински европски дијалог за иднината на Унијата. 

Кој учествува на Форумот за проширување? 

Форумот за проширување ќе собере широк и разновиден спектар на учесници – од високи национални и регионални политички лидери до претставници на граѓанското општество, претприемачи, уметници, млади и експерти за јавна политика – од земјите-членки на ЕУ и земјите-кандидатки, под слоганот „Заокружување на Унијата, обезбедување на нашата иднина“. 

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, како и комесарката за проширување, Марта Кос, ќе се обратат на присутните. 

На панелот ќе се обратат Марта Кос, премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ, премиерот на Молдавија Александру Мунтеану, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Каја Калас, комесарот за одбрана Андријус Кубилијус и заменик-министерот за европски прашања на Украина, Тарас Качка. 

На вториот панел, ќе се обратат данската министерка за европски прашања Мари Бјере, ирскиот министер за надворешни работи и трговија Томас Бирн, романската министерка за надворешни работи Јана Тоју и вишиот соработник на Карнеги Европа Стефан Лен ќе зборуваат на вториот панел за перспективите на земјите-членки и регионот. 

На третиот панел, Бојана Селаковиќ од Националната конвенција за Европската унија, како и Амила Алиџановиќ, младата европска амбасадорка од БиХ/Шведска, ќе зборуваат за перспективите на граѓаните на земјите-кандидатки. 

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, ќе учествува на панел кој ќе се занимава со процесот на пристапување и како да се постигнат позитивни резултати. 

Претседателот на Албанија, Еди Рама, исто така, ќе се обрати на присутните, а претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, треба да го одржи завршниот говор.

Извор – Рацин

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Претходен напис Утре дел од Тетово и повеќе тетовски села ќе бидат без струја
Следен напис УХМР: Утрото студено, а потоа сончево со температура до 20 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?