Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје
Агровести

Саем на домашни земјоделски производи во Градскиот парк во Скопје

Објавено 08/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Македонски производители на земјоделски производи денеска се дел од Саемот на храна којшто под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ се одржува во Скопје. 

На повеќе штандови, поставени во Градскиот парк, може да се вкусат квалитетни земјоделски производи од домашно производство од вино, природни сокови, мед, сирење, млеко од магаре….

– Овој саем ја отсликува македонската историја, место каде традицијата станува поблиску до секој граѓанин. Денеска тука можете да го вкусите вистинскиот, автентичниот, традиционалниот вкус на македонската храна. Токму оваа храна е произведена на нашите полиња и преработена од рацете на македонските земјоделци, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски на отварањето.

Порача дека домашната храна не претставува тренд, туку дека таа е наше наследство и дека во време кога светот се враќа кон автентичноста и кон природното, државава ги има сите предиспозиции за да биде лидер во производството на квалитетна и традиционална храна.

Осврнувајќи се на кампањата „Македонско најдобро“, Трипуновски рече дека заклучно со октомври регистрирани и верифицирани се вкупно 272 корисници од кои 121 се земјоделски производители, 40 преработувачи и 111 продажни места.

– Токму оваа бројка говори за заинтересираноста на земјоделците и преработувачите да се вклучат во кампањата и да се доближат до купувачите и да им понудат квалитетен производ.

Саемот го организира здружението „Наша традиција, наша иднина“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Градскиот паркземјоделски производиСаемСкопје
Претходен напис Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД-средствата, ниту, пак, за националните плаќања кои ги има државата
Следен напис Дечиња од градинката „Димче Мирчев“ во Велес беа гости на овчарската фарма „ВЕМИ“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?