Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ВВ „Тиквеш“ ги исплати лозарите и во услови на криза инвестираше 720.000 евра во нови лозови насади
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ВВ „Тиквеш“ ги исплати лозарите и во услови на криза инвестираше 720.000 евра во нови лозови насади
Агровести

ВВ „Тиквеш“ ги исплати лозарите и во услови на криза инвестираше 720.000 евра во нови лозови насади

Објавено 08/05/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винарската визба „Тиквеш“ ја заврши исплатата на своите обврски кон лозарите со кои соработува за откупеното грозје од бербата во 2019 година. Исплатата е извршена кон сите индивудуални лозари и правни лица, согласно предвидената динамика за исплата и законски утврдените рокови.

Како што соопшти Винарската визба „Тиквеш“, откупени беа 22 милиони килограми грозје. Винарската визба „Тиквеш“ со години спроведува долгорочна соработка со лозарите базирана на едукација и поддршка при примената на современи агро-технички методи и практики во одгледување и заштита на лозовите насади. Лозарите кои ги применуваат овие методи имаа загарантиран откуп на грозјето од страна на винарницата, како и дополнителни бонуси. Стратешката соработка и партнерски однос со лозарите на компанијата ѝ овозможува да го развива своето портфолио со производство на високо квалитетни вина конкурентни на светските пазари.

– Покрај тоа и во услови на криза предизвикана од пандемијата од вирусот Ковид-19 на светско ниво, што резултираше со пад на продажбата на вино од над 70 отсто, „Тиквеш“ продолжува со инвестиции. Винарницата инвестираше 720.000 евра сопствени средства во подигнување нови лозови насади на локалитетот Бабуна во близина на Велес. Засадени се 38 хектари лозови насади од сортите вранец, сира, каберне совињон, пино гри, коломбар, жилавка и малвазија. Се работи за нови современи насади, кои ќе придонесат за проширување на можностите за производство на нови високо квалитетни вина, стои во соопштението.

Новите инвестиции на Винарската визба „Тиквеш“ се дел од континуираната инвестициска програма, која предвидува до 2022 компанијата да вложи во вкупно 650 хектари нови сопствени лозови насади. Само минатата година „Тиквеш“ ги прошири сопствените лозови насади за 140 хектари, а инвестираше и околу еден милион евра во нов логистички центар, со кој се зголемува ефикасноста во дистибуцијата и достапноста на виното на домашниот пазар. Новите инвестиции во сопствени лозови насади ќе овозможат натамошно унапредување и збогатување на портфолиото на вина од премиум сегментот, со што ќе се зацврстат и подобрат позициите на винарницата, особено на странските пазари.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Претходен напис УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 8 Maj
Следен напис Еве како се продава сладолед во Рим: Можете да заборавите на она што беше пред појавата на Ковид-19
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?