Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото
Агровести

Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото

Објавено 01/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност.

На девизниот пазар денеска се купува за 96,8 леки, а се продава за 97,8 леки. До пред две години едно евро се купуваше за 127 леки.

– Тоа се должи на повеќе фактори, почнувајќи од странските инвестиции во недвижности во Албанија, па сè до менувачките операции во големи износи, што е условено од масовното присуство на странски туристи, објавија медиумите.

Брокерите на девизниот курс очекуваат европската валута да претрпи дополнително намалување на вредноста, имајќи го предвид фактот дека во ек е летната туристичка сезона, а не стивнува ни големиот интерес на странците за купување недвижен имот.

– Ваквиот тренд позитивно ќе се одрази кај сите оние лица кои имаат кредити во евра, бидејќи ќе плаќаат помалку. И Владата има корист од силниот лек во однос на еврото, бидејќи плаќа помалку за надворешниот долг. Тие што се директно оштетени се извозниците бидејќи ја продаваат стоката во евра, добивајќи помал профит, оценуваат медиумите.

Британската фунта останува на истите нивоа, се купува за 111,8 леки, а се продава за 113,2 леки, како и швајцарскиот франк кој се купува за 103,6 леки, а се продава за 104,9 леки.

Од друга страна, американскиот долар бележи благ раст, се купува 84 леки, а се продава за 85,5 леки. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Албанскиот лекевротонајвисока вредност
Претходен напис Во Скопје во јули надмината апсолутната максимална температура на воздухот, измерени 43,7 степени
Следен напис УЈП привремено затворила пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?