Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Скопје во јули надмината апсолутната максимална температура на воздухот, измерени 43,7 степени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Во Скопје во јули надмината апсолутната максимална температура на воздухот, измерени 43,7 степени
Агропрогноза

Во Скопје во јули надмината апсолутната максимална температура на воздухот, измерени 43,7 степени

Објавено 01/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец јули 2025 година се карактеризира како екстремно топол и многу сушен во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 18,5°С во Лазарополе до 28,5°С во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодишната температура беше натпросечна за 2,3 степени на ниво на држава. Средномесечната температура во Скопје Зајчев Рид изнесуваше 27,6 и беше 2,9 степени повисока од просекот.

Највисоката максимална температура во државата, беше измерена на 26-ти јули во Скопје Гази Баба и изнесуваше 43,7 степени. Притоа, во Скопската котлина беше надмината апсолутната максимална температура на воздухот од 43,4 на 43,7 степени. Во Скопје беше надмината и апсолутната максимална среднодневна температура. Надминати беа апсолутните максимални температури и во Охрид и Маврово. Во Охрид од 37,5 на 38,1, а во Маврово од 34,2 на 34,3 степени. Имаше појава на топлотен бран од почетокот на месецот до 8-ми и од 20-ти до 27-ми јули, на ниво на држава.

Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 10-ти јули и изнесуваше 4,4 степени.

Месечната сума на врнежи во државата во јули варираше од 0,0мм во Битола до 10,7мм во Берово. Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 8,7мм беше регистрирано во Берово на 18 јули.

Споредено со јулската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 87% подпросечна на ниво на држава, посочуваат од УХМР.

УХМР

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:43.7 степенијулимаксимална температураскопје
Претходен напис Лишен од слобода 23-годишник во Куманово за превезување огревно дрво без документација
Следен напис Албанскиот лек со рекордно највисока вредност во однос на еврото
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?