Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Славески бара закон за личен банкрот: 120.000 граѓани со блокирани сметки, време е за решенија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Славески бара закон за личен банкрот: 120.000 граѓани со блокирани сметки, време е за решенија
Агровести

Славески бара закон за личен банкрот: 120.000 граѓани со блокирани сметки, време е за решенија

Објавено 22/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, денеска на јавната работна средба во Стопанската комора повторно го отвори прашањето за воведување закон за личен банкрот, оценувајќи дека не може бесконечно да се толерира ситуацијата со граѓани кои не се во состојба да ги подмируваат своите долгови.

„Сите развиени земји имаат ваква регулатива. Според моите информации, кај нас има околу 120.000 блокирани сметки – тоа се луѓе без пристап до финансискиот систем, жртви на даватели на кредити со лихварски камати. Време е да размислиме за решение“, изјави Славески.

Иако рече дека иницијативата повеќе е во доменот на Министерството за финансии, тој смета дека треба заеднички да се отвори дебата за можноста за донесување закон за личен банкрот, со кој, според него, би се решил дел од растечкиот социјално-економски проблем.

На барањето на една од претставничките на бизнис-секторот за повторно воведување мерки како одлагање на кредитни обврски, како што беше случајот за време на ковид-пандемијата, Славески одговори дека не е време за таков пристап, но додаде дека е отворен за разговори со банките.

„Банките не сакаат да станат агенции за продажба на недвижности. Тоа не е во нивен интерес. Може да се постапува индивидуално, но не и да се воведуваат генерализирани мерки“, рече гувернерот.

Во рамки на дебатата, професорката Ирена Кикеркова од Економскиот факултет – Скопје го критикуваше пристапот на Народната банка во анализата на македонската економија, оценувајќи дека институцијата нуди ограничени и површни податоци.

„Потребна е реконструкција на аналитичките тимови, бидејќи ни претстои период во кој политиките мора да бидат засновани на темелна и точна анализа“, рече Кикеркова.

Славески остана на ставот дека ниската инфлација и финансиската стабилност се главни цели на Народната банка.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:блокирани сметкиграѓанизаконСлавески
Претходен напис Годинава жетвата ќе се изврши на 70.000 хектари, се очекува да ги задоволиме потребите од домашно производство
Следен напис Најтопло во Велес и Кавадарци, измерени 43 степени!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?