Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ќе поскапи изградбата на автопатот Кичево-Охрид – ќе се проширува кредитната рамка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ќе поскапи изградбата на автопатот Кичево-Охрид – ќе се проширува кредитната рамка
Агровести

Ќе поскапи изградбата на автопатот Кичево-Охрид – ќе се проширува кредитната рамка

Објавено 15/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Автопатот Кичево Охрид ќе поскапи но по се изгледа ќе треба и повеќе време додека да се пушти целосно во употреба. Премиерот Мицковски потврди но не прецизираше колку пари и од каде ќе се позајмат за довршување на трасата само рече дека поскапувањето е поради свлечиштата на неколку локации кои биле покомплицирани од претходните.

За овој автопат долг 57 км досега се потрошени околу 600 милиони евра.

Вчера беа пуштени 20 км од делницата, иако Владата најавуваше дека ќе се отворат 40км со прекин кај Ботун.Покрај црвените ленти и свеченото отворање премиерот заедно со министерот за транспорт Николоски со автомобил прошетаа низ делницата па дадоа ветување дека како и да е, овој автопат ќе да се доврши.Но неговото пуштање ќе е етапно бидејќи премиерот најави во август да се пуштат уште 18км. За опозициската СДСМ проектот е “фушерај” кои тие го спасиле.

„Кичево–Охрид е симбол на погрешен избор на модел на изградба од страна на ВМРО-ДПМНЕ, проект започнат од Груевски само за политичко сликање, без геомеханички испитувања, без комплетен основен проект и со штетни последици за граѓаните.СДСМ го спаси проектот од целосен колапс и го донесе до финална фаза, со трајни и безбедни решенија за граѓаните и за државата.” – велат од СДСМ.

Во меѓувреме граѓани кои живеат до автопатот и понатаму реагираат дека се блокирани и немаат направен пристапен пат.Никој не им кажал ниту објаснил од каде ќе стигнуваат до домовите. Дополнително што голем дел од нив сеуште се во судски процес за експропријација на земјиштата.

За потсетување, овој автопат почна со градба во 2014 година и од првично предвидените 374 милиони достигна вредност од 598 милиони евра. Не е завршен и покрај неколкуте анекси на договорот со кинески „Синохидро“ со кои во повеќе наврати беа продолжени роковите, најчесто поради проблеми со земјиштето. Во повеќе наврати досега домашни и странски инженери градежници и експерти од областа потенцираа дека проектот е згрешен од самиот старт.

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:автопатвладакичевоохрид
Претходен напис Потпишување на грант-договор со ЕБРД
Следен напис Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?