Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи
Агровести

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи

Објавено 15/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозје според шеќерни единици, редовни инспекции кај откупувачи за да нема манипулации при откупот на грозје за претстојниот гроздобер,  субвенции за модернизирање со цел намалување на трошоците за производство, ова попладнево го соопшти претседателот Јован Златевски.  

– По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на другите  земјоделски производи годинава се многу повисоки од претходно. Но и цените за трошоци за производство на грозје се многу повисоки. Цената на грозјето е за неполн денар повисока од минатата година. Или, 18.9 денари за ,,смедеревка” и 21.3 за ,,вранец”. Затоа бараме плаќање на грозјето според шеќерни единици и почитување на шеќерноста при откупот, за да нема манипулации, инспектори да има на терен, информираше Златевски. 

Тој истакна дека се очекува квалитетен род од околу 100 милиони килограми грозје. Доколку се плаќало според шеќерни единици, нагласи дека цената за килограм ќе растела согласно на шеќерноста. Златевски додаде дека очекуваат годинава исто така откупувачите од други општини, да не им сопирале на лозарите по денар до два од килограм грозје, за превоз. 

Златевски подвлече дека винариите биле заинтересирани за околу 57 милиони килограми грозје. За да не се појави вишок, од Сојузот веќе било разговарано со претставници на Министерството за земјоделство, за непречен извоз на грозје од државата. 

Претседателот на Сојузот на здруженија на лозари информираше и дека ќе бараат од надлежните субвенции за модернизирање на лозаропроизводството, со цел намалување на трошоците на лозарите. Се мисли на модернизирање на лозовите насади и вклучување на машини за обработка, па дури и за берба на грозје. Тие субвенции, кога станувало збор за земјоделски задруги, изнесувале и до деведесет отсто. Значи, државата да им обезбедува плаќање на 90 отсто при набавката на комбајн за берба. 

– Се надеваме исто така дека од новиот закон за вино, ќе биде изземен членот, што предвидува дека за плаќање веднаш, на лозарите да им се задржат осум проценти од цената на грозјето, од страна на откупувачите. Тој процент да биде 3-4 проценти, истакна Златевски. 

Тој нагласи дека лозарите имаат надеж дека Министерството за земјоделство ќе ги има во предвид овие нивни барања и дека ќе им помогне, конечно по долги години, лозарството да биде на местото што го заслужува. 

Златевски додаде дека очекуваат и поголема транспарентност околу методологијата при утврдување производствена и откупна цена за килограм грозје.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:бербалозјемзшв
Претходен напис Ќе поскапи изградбата на автопатот Кичево-Охрид – ќе се проширува кредитната рамка
Следен напис Пет земји од ЕУ се против нов трговски договор со Украина поради загриженост за земјоделските пазари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?