Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 20 километри од автопатот Кичево – Охрид од денеска се пуштени во употреба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > 20 километри од автопатот Кичево – Охрид од денеска се пуштени во употреба
Агровести

20 километри од автопатот Кичево – Охрид од денеска се пуштени во употреба

Објавено 14/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Проектот е дел од Коридорот 8, а го изведува кинеската компанија „Синохидро“

Од денеска во употреба се пуштени 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, и тоа од селото Врбјани кон Охрид, со исклучок кај селото Ботун.

Премиерот Мицкоски во својот говор рече дека како влада успеале да го откочат најголемиот и најзаглавениот инфраструктурен проект во земјава по само една година и оти нема да застанат на овие дваесет километри, туку најави дека следната година автопатот ќе биде целосно завршен и ставен во функција.

„Проект кој со години стоеше како симбол на застој, срамна слика за држава што тапка во место, а денес е симбол на новото време. Денеска само една година откако ја добивме довербата од народот покажуваме што значи вистинско работење со дела, а не со зборови. Секој метар од автопатот е изграден со напорна работа, но и со јасна волја за напредок и да се стави крај на неуспесите од минатото“,рече Мицкоски.

Министерот за транспорт Александар Николовски рече оти е големо задоволство да се видат првите километри во реалност и дека со овој автопат ќе се патува побрзо и до Тетово и до Скопје, но и ќе се поврзе Македонија со Албанија и несомнено ќе се отворат големите туристички центри Охрид и Струга за сите посетители.

„Ветив дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме целиот автопат на крај на следната година. Само сакам да кажам две работи, првата дека ова беше симбол за неспособноста на минатата влада на СДСМ и ДУИ, ова беше заборавен напуштен проект на кој немаше работници, инженери, ниту машини, и ова е проект кој е симбол и доказ за посветеноста и работата на оваа влада и тоа е клучната разлика помеѓу нас и нашите политички опоненти“,заклучува Николоски.

Изградбата на автопатот Кичево – Охрид започна во февруари 2014 година, а го изведува кинеската компанија „Синохидро“. Должината на трасата е 57 километри, а вредноста на првичниот договор беше 373 милиони евра. Првичниот рок за изградба беше јуни 2018 г. но неколкупати беше одложуван поради сериозни инженерски, правни и административни проблеми. Токму поради проблемите, се зголеми и цената што според одредени неофицијални информации, сега изнесува и над 600 милиони евра.

Извор – 360 степени

Може да ви се допадне

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
Таг:автопаткилометримилиони евраниколоскиохрид
Претходен напис Мелничарите алармираат: нестабилен квалитет на пченицата го разнишува ценовниот мир на лебот
Следен напис Измени во Законот за возила, станиците за технички преглед ќе даваат потврда за регистрирано возило
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?